Кир Стармер ќе биде домаќин на клучниот самит на европските и канадските лидери во Лондон денеска во 14:00 часот по Гринич, на кој ќе се разговара за поддршката за Украина, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Тоа доаѓа неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Трамп имаа жестока расправија во Овалната соба
Зеленски, кој му се придружи на премиерот во Даунинг стрит во саботата, ќе се сретне со кралот Чарлс денес пред да се приклучи на самитот
Украинскиот лидер се заблагодари на ОК за поддршката што ѝ ја покажа на неговата земја од почетокот на војната, која сега вклучува заем од 2,26 милијарди фунти за украински воени резерви.
Кој се очекува на самитот?
Домаќинот на самитот, Кир Стармер, прва утринава ќе ја пречека италијанската премиерка Џорџија Мелони на Даунинг стрит.
Потоа, на лидерите ќе им се придружат украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Еманел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и канадскиот премиер Џастин Трудо.
Ќе присуствуваат и лидерите на Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Финска, Шведска, Чешка и Романија, како и министерот за надворешни работи на Турција.
Поканети се и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Советот Антонио Кошта.
Д. Мишев