• Latest
Тиквешки гроздобер. Фотографијата е преземена од Плусинфо.

Евтино грозје – скапо вино

September 20, 2019

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Евтино грозје – скапо вино

Според писменото обраќање на Авторот до Редакцијата, овој напис е доставен до сите весници во септември 2010 година, но ниеден од нив не го објавил. Имајќи предвид дека текстот содржи поенти што, за жал, се актуелни и сега, го објавуваме овој текст и како сведоштво за тоа како изгледале политиките пред девет години, но и како сугестија за излегување од овие состојби во доменот на производство на грозје и вино.

September 20, 2019 09:16
in СЛОБОДНА ЗОНА
Тиквешки гроздобер. Фотографијата е преземена од Плусинфо.

Тиквешки гроздобер. Фотографијата е преземена од Плусинфо.

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

Мошне богат шпански бизнисмен, македонски зет, кој е голем љубител на Македонија и кој секоја година  својот летен годишен одмор го користи во  еден елитен охридски хотел, е зачуден поради високите цени на вината, не само во рестораните, туку и во продавниците! Предупредува дека, од почетокот на наредната година кога Македонија ќе мора да го отвори својот пазар за увоз на вина од странските земји, македонските винари, кои се сега максимално заштитени, ќе бидат соочени со жестока конкуренција на големите светски производители на вино: Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Чиле, Аргентина, Австралија итн.

Пред дваесетина години, цената на шише вино „Т’га за југ“ во продавниците беше половина американски долар. Пред десетина години, пак, цената на ова вино беше околу три германски марки, односно 1,5 евра, а сега се продава по цена од скоро 4 евра! Општопознато е дека стандардот на македонските граѓани е мошне опаднат, така што сѐ помал број луѓе можат да си дозволат да купуваат вино, па се определуваат за пиво. На светските пазари се води немилосрдна конкурентска борба меѓу големите производители на вино од спомнатите, но, и од некои други земји.

Македонските винари водат политика заснована на принципите на првобитната акумулација и го зголемуваат својот капитал на грбот на лозарите! Диктираат ниски цени на грозјето, а на лозарите не им го плаќаат грозјето ни по една, две па и повеќе години! Каде го има тоа? Зачудувачки е тоа што ваквите ненормални состојби ги толерира државата! Некои мои пријатели кои се занимаваат со домашно производство на вино тврдат дека за 1 литар вино се потребни 2,5 килограми грозје, чија цена се движи од 8 до 10 денари. Па сега направете го „есапот“ и ќе видите дека винарите водат егоистичка и кратковида „политика“! Ваквата „политика“ на винарите сега ги погодува лозарите, но, веќе утре ќе им се врати како бумеранг и на винарите!

Во повеќе наврати предупредував дека во услови на „галопирачката“ глобализација, Македонија може да смета барем на некакви компаративни предности во производството на храна. Општопознато е дека Македонија има идеални услови за производство на грозје, но, државата никогаш немала и сѐ уште нема стратегија за развој на лозарството и посебно на винарството! На лозарите и на винарите им е потребна едукација со цел да се запознаат со светските стандарди во нивните области. Таа едукација може да ја помогне само државата со соодветни програми, а не со фаворизирање на поединци блиски до власта!

Пред околу една година јавно прашував зошто државата во склопот на дисперзијата на високото школство не предвидела отворање на факултет за енологија во Кавадарци или Неготино и сугерирав што треба да се направи на тој план. Се израдував кога слушнав дека е донесена одлука за отворање на факултет за енологија во Неготино, но, не се знае дали и колку студенти се запишани на него и кој им предава?

Стратегијата за основање на голем број мали фирми за производство на вино не е соодветна за мали и сиромашни земји како што е Македонија! Доколку сака да се носи со жестоката конкуренција на светските пазари на вино, Македонија мора да се определи за сопствен бренд во производството на евтино вино за широка потрошувачка. Тоа што некои наши вина добиваат високи признанија/награди на некои саеми на вино, не е никаква гаранција за нивниот пласман на светските пазари, посебно и поради ограничените количини на наградени вина! Наградените вина ги оценуваат и наградуваат мал број на дегустатори, додека потрошувачите на вино треба да се освојуваат со ниски цени и стандарден квалитет, односно со признат бренд. Малите производители не се способни да изградат свој бренд, бидејќи тоа чини многу пари, така што останува на државата да осмисли и да подготви соодветни стратегии и програми за развој на лозарството и винарството и истите да ги реализира.

Скопје, 15 септември 2010 година

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ