• Latest

Фашизоидната клика да одговара за повици на убиство и за екстремно политичко насилство!

May 9, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фашизоидната клика да одговара за повици на убиство и за екстремно политичко насилство!

May 9, 2017 15:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода излезе со соопштение во кое најостро го осудува говорот на омраза и политичкото насилство на протестите на „За заедничка Македонија“.  

„Транспарентите во кои се имплицираат смртни закани за Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои се појавија на протестите во организација на иницијативата ‘За заедничка Македонија’ на 8 мај, се само уште еден во долгата низа докази за мотивите, пораките и целите на овие протести“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ, исто така,  потсетува на „Црниот Четврток“, 27 април 2017, и упадот во Собранието, како планиран и крвав чин на омраза и насилство, а јавноста сé уште е во исчекување на најповиканите надлежни институции, Основното Јавно обвинителство и полицијата, да не го релативизираат говорот на омраза и насилните сценарија и да не бидат соучесници во овие криминални дејствија во одбрана на група луѓе кои се под истрага на СЈО.

„Ставот на ЦИВИЛ е дека ова се очигледни примери на тешки кривични дела и загрозување на поредокот и безбедноста во земјата. Ниту една изјава или парола која би можела да служи како изговор или свртување на вниманието, всушност, не може да помине бидејќи многу повеќе од очигледно е што се случува и кој е зад оваа насилничка и криминална иницијатива.

Основното Јавно обвинителство и полицијата одамна требаше да преземат мерки против смртните закани и да ги санкционираат соодветно на законот. Не бараме никаква одмазда, бараме само функционирање на системот, а сите оние кои не го спроведуваат законот, го кршат законот со тоа неспроведување“, извести ЦИВИЛ во своето соопштение.

Tags: „Црниот Четврток“говор на омразанеспроведување на законотполитичко насилствосоопштениеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ