• Latest
Добро утро со Орданоски

Фатете го прасето, за десет дена иде Божик!

October 21, 2021
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Фатете го прасето, за десет дена иде Божик!

Секој си живее со своите заблуди во вечната земја Македонија, каде чудата паѓаат од небо и по ведро и по облачно време

October 21, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Морам да признам дека по малку и уживам во паниката – како што точно оценува опозицијата – што ги има зафатено разни нивоа на социјалдемократската власт поради тоа како славно си поминуваат со локалниве избори. Тоа е партија која, традиционално, кога е на власт, се опушта до ниво на вонтелесно левитирање, мислејќи дека сѐ што лета се јаде и дека светот е создаден така што добрите идеи од партиската програма треба да ги спроведува некој друг. Голем број од нив десет години „од сенка“ го проучуваа владеењето на Груевски и потајно му се воодушевуваа, мислејќи дека тој грд занает самите ќе го усовршат кога ќе дојдат на власт, ставајќи демократска ружа во реверот и користејќи ја партијата како трамбулина за сите свои неостварени, влажни желби.

Па, кога силата на политичката гравитација, во облик на незадоволството на гласачите, неумоливо ќе ги тресне од земја, почнуваат да се тетерават и да излегуваат од властодржечкиот мамурлак, обично премногу доцна за политички отрезнети да го дочекаат она што им го носи утрото. Утрото по изборите.

Тоа е ситуацијата во која сега се наоѓаме: ќе се гои сдсмовското прасе во вториот круг гласање на десет дена пред Божик, френетично ќе се трча на сите страни да се бара изгубената поддршка со нови ветувања за поуките од задоцнето научените лекции, не би ли се разбудила свеста кај стотина илјади гласачи – тие што на овие избори, со правото на своето сеирџиско незадоволство, си останаа дома, а кои отсекогаш решавале кој ќе владее во земјата – што ги имаа, па ги загубија во последната година-две. Од СДСМ сега алармираат дека ѓаволот ја однел шегата и дека Груевски ги пакува куферите за враќање во Скопје. Во опозицијата веќе се прават списоци за одборите за негов дочек, бројот на местата за сдсмовци се ограничени.

Секој си живее со своите заблуди во вечната земја Македонија, каде чудата паѓаат од небо и по ведро и по облачно време.

Значи, дојдено е време за акција, борба! Мора да се делува конкретно, обединето, одлучно!

Со оглед на сериозноста на ваквата ситуација, вчера итно го закажавме извршниот комитет на локалните дебармаалски алкохолисти за да ги разгледаме резултатите од првиот круг локални избори и да донесеме мерки и активности за сузбивање на негативните гласачки појави. Па, кафеаната е нашата аналитичка судбина, ако се цени по бројот на луѓе кои го одгледале документарецот за Тома Здравковиќ!

Женски не викнавме, бидејќи се надвикувавме за важни политички теми, за кои не е добредојдена ситничавата рационалност за дневното преживување на женскиот нашминкан поглед на свет од кој се одзема и здивот и концентрацијата врз понудата на софрата. За загревање, главно се задржавме на летни манџи и мезиња, бидејќи зимницата сѐ уште не е стасана, но ракијата си беше уредно стара, од прекланската непотрошена предковидска реколта, миризлива и опојна како чувството на сеќавањата по старите добри времиња кога „со пенкало“ се рушеше режимот.

Присутните еден-двајца осоколени опозиционери наздравуваа за враќањето на починатото ВМРО на власт и им се заблагодарија на двајцата закоравени симпатизери на СДСМ на масата за таа успешна политичка дефибрилација. Тие, пак, во обид да се окуражат, ги дигаа чашите во чест на тој минлив впечаток како што е доаѓањето и заминувањето на сезонскиот грип… Останатите ја славеа победата на граѓанскиот пркос наспроти партиските стеги, налик на првите стуткани сарми од недозреана кисела зелка кои внимателно се вадеа со лажица од тенџерето, во последен момент спасени од давење во демагогијата на мрсната партиска запршка прекриена со пушена сланина… Решивме да се храниме здраво, свесни дека кога Левица, еве, само што не се, ќе дојде на власт, само зелени, незачинети салати, варени тикви и овесни брбушки ќе се служат по биртиите, бидејќи црни кошули со поголеми броеви нема да се шијат.

Виното осредно, но обилно, како и општиот квалитет на македонската политика. Уште незапиени, падна одлука: свежи чаши со секоја нова тура! Келнерот се покори на волјата на владејачкото мнозинство на асталот, одамна дел од реставрацискиот мебел, со забелешка дека кога едни политичари се на власт, човек го експлоатира човека; а кога другите ќе ги заменат, се случува обратното… Малку се замисливме, нѐ фати неподготвени џамбазов, ама брзо со клоци го вративме во кујната да провери до каде се пушените колбаси и џигерот со лукче и магдонос. Па, не може секој да се занимава со висока политика!

Во таква гастрономски ангажирана атмосфера се поведе теоретска расправа, проследена со редовни подждригнувања и дигања чаши во слава на македонската демократија, за постизборната разлика помеѓу поимите „уцвикани“ и „уцвилени“, со компаративен меѓупартиски осврт за периодот 2016-2021. По таа точка на дневниот ред, заклучокот е јасен: кому како ќе му паднат партиските панталони на избори, се кријат како глувци посипани со пепел – „Где сте сада мишеви?!“, влезе, без превод, и во записникот од состанокот – додека истите глодари од претходната екипа на власт мислат дека тоа што на овие избори изгубиле помалку гласачи од овие што се сега на власт, е нивна заслуга… Здружно се скинавме во неколку салви од смеење!

За другите детали од дискусијата оставам да сведочи исцедената содржина на виледата со која завршно се пребриша масата.

На крајот, кога надвор темницата го изгаси сонцето, сите се согласивме со другарот Сталин кој беше во право кога мудро велеше дека, ако изборите се добро организирани, не мора ни да се одржат!

Ах, слободо, опиени сме кога те имаме! За неа вреди да се помачиме и во вториот круг од гласање, па кој како ја разбира. Оти, без трезнење, и пијанството губи смисла.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ