Компаниите Фејсбук, Гугл и Мајкрософт, чие седиште е во Сиетл, но и многу други помали фирми од сојузната држава Вашингтон, им наложија на своите вработени да работат од дома, пренесува Слободен печат.
Во САД досега има над 200 потврдени случаи на болеста, додека властите на сојузните држави прават напори да се спречи епидемија, но укажуваат дека натамошните тестови за вирус ќе откријат нови случаи.