Фејсбук, во сопственост на “Metaverse” платформите, го објави својот прв квартален пад на глобално ниво на дневни корисници, што доведе до драстично паѓање на цената на акциите и губење на пазарната вредност од речиси 200 милијарди долари.
Растот на рекламите на компанијата во текот на кварталот, исто така, падна под пазарните проценки. Падот на акциите покажува дека корпоративното ребрендирање на компанијата не е доволно да ги одвлече инвеститорите од проблемите во нејзината основна дејност на социјалните медиуми.
Мета платформите објавија скоро рамен раст на корисниците на Facebook, WhatsApp и Instagram. Што е уште позагрижувачки за компанијата, главната апликација – Facebook – изгуби милион дневни корисници само во Северна Америка – регион каде што историски заработи најмногу пари од рекламирање. Падот доведе до севкупно намалување на дневните корисници на Фејсбук ширум светот.
На глобално ниво, дневните активни корисници на Facebook паднаа на 1,929 милијарди од 1,930 милијарди последователно. Сепак, компанијата брзо ја префрли вината за својата опаѓачка корисничка база на промените во приватноста во оперативниот систем на Apple.
Сепак, и покрај падот на базата на корисници, Мета платформите остануваат профитабилни – вкупните приходи, од кои повеќето доаѓаат од реклами, се искачија на 33,67 милијарди долари од 28,07 милијарди долари пред една година.
Мета платформите предвидуваат приходи за првиот квартал меѓу 27 и 29 милијарди долари, што е многу пониско од проценките за 30,15 милијарди долари. Главниот финансиски директор Дејв Венер изјави за време на разговор со аналитичар дека влијанието на промената на политиката за приватност на Apple може да биде „во редот од 10 милијарди долари“ во текот на 2022 година, објави Ројтерс.
Компанијата, исто така, пријави загуби од 10,2 милијарди долари минатата година од приходи од 2,3 милијарди долари на Reality Labs, Quest VR Oculus, софтверот VR (виртуелна реалност), очилата за AR (надополнета ралност) и одделот за иницијативи поврзани со Метаверс.
A.M.