Поголем дел од корисниците на Фејсбук во земјава можат повторно да ја користат мрежата. Технолошкиот гигант на Марк Цукерберг кој ги вклучува и платформите Интаграм, Вотсап, сервисот за пораки и самата мрежа на Фејсбук денеска се соочуваат со нова серија проблеми, слични на оние на 13 и 14 март.
Тогаш, Цукерберг и неговата прес служба ја префрлија одговорноста на промените во конфигурацијата на серверите. Засега, нема информации за денешниот пад. Во моментов, Фејсбук функционира, но не е исклучено повторно да падне.