Фејсбук ќе воведе специјална секција за вести наречена „News tab“ на својатa мобилна апликација, каде ќе ги прикажува насловите на вестите кои ќе ги бираат новинарите, додека издавачите ќе бидат платени за користењето на нивниот материјал, пренесува „Б92“. Оваа социјална мрежа долго време беше во спор со издавачите на вестикои се жалеа дека Фејсбук има корист од споделувањето на нивните вести за кои досега не плаќаше.
Ова е потенцијално голем чекор за платформата која веќе долго време се соочува со тешкотии во искоренувањето на дезинформациите и неподготвеноста да потпишува договори со издавачите.
Преку Фејсбук ќе се гледаат само наслови, а кога ќе се кликне на насловот, корисникот оди директно на веб страниците или апликациите на издавачот. Тоа е од прилика тоа што издавачите го бараа со години од Facebook.
Од Фејсбук не сакаа да кажат кој и колку ќе биде платен, наведувајќи само дека ќе плати на издавачите за пристап до содржината.