Фејсбук во САД ја лансираа својата нова апликација која има за задача да ги поврзува луѓето со нивните сродни души и да им помогне да најдат вистинска љубов. Станува збор за апликацијата за запознавање Facebook Dating, со која компанијата на Марк Закерберг и официјално влегува на пазарот за т.н. дејтинг апликации, од кои веројатно најпозната е Tinder.
Откако една цела година ја тестираа во Колумбија, Facebook Dating од денес е достапна на пазарот во САД. Услов за користење на апликацијата е да сте постари од 18 години. Корисниците на Facebook ќе можат да го одделат профилот на социјалната мрежа од профилот кој служи за запознавање љубовни партнери или нови пријатели. Според информациите, за дејтинг на Facebook нема да има потреба да инсталирате нова апликација, но тие што ќе сакаат да ја користат таа опција ќе добијат целосно нов профил.
Аликацијата е достапна само од мобилните уреди и нема да може да се користи од компјутер. Истотака важно е да се напомене тоа дека на веб страницата на Фејсбук за запознавање препорачуваме да го прочитате делот за безбедносни совети каде Фејсбук предупредува за можните злоупотреби кои може да се појават при користење на оваа апликација.
А.М.