Триесет и шестгодишната Б.Н. е убиена од нејзиниот сопруг А. Н. (40), вчера во семејниот дом во село Арачиново.
Случајот бил пријавен вчера во 12:45 часот, дека А.Н. (40) ја убил својата сопруга и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.