• Latest

Фетаи: Важно е да се донесе Законот за правична застапеност, меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија

October 13, 2024

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фетаи: Важно е да се донесе Законот за правична застапеност, меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија

October 13, 2024 13:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска обврска со контролни механизми. Вакво нешто недостасуваше до сега, а особено со „балансер“, за кој што знаеме дека беше многу злоупотребен и не овозможуваше правична застапеност, смета вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи.

Тој на денешната прес-конференција по повод 100-те дена нова Влада, одговорајќи на новинарско прашање дали се согласува Законот за правична застапеност да биде согласно препораките на Венецијанската комисија според барањето на премиерот, одговори дека е меѓународна пракса да се земе мислење од Венецијанската комисија.

Тој е на ставот дека замрзнувањето на „балансерот“ нема да ги спречи новите вработувања.

-Правичната застапеност е дел од Уставот. „Балансерот“ беше дигитална алатка која овозможуваше реализирање на годишните планови за вработување. Замрзнувањето на „балансерот“ е додека да најдеме ново законско решение. Ова нема да ги спречи вработувањата. Ќе има вработувања според уставното правило на правична застапеност, како што кажа и премиерот. За Законот за правична застапеност се зборуваше со години. Јас сум еден од оние кој во рамките на мојата партија Алијанса за Албанците го изготви овој предлог закон со меѓународни експерти, рече Фетаи.

Тој додаде дека Венецијанската комисија е механизам кој ни овозможува да донесеме решение кое ќе се вклопува со меѓународните практики на Советот на Европа. Исто така, потенцираше дека процесот на донесување на Законот ќе биде транспарентен, ќе се вклучат експерти, граѓани, цивилното општество.

-Меѓународна пракса е да се земе мислење од Венецијанската комисија. За овој закон се зборуваше со години наназад. Законот доцни 22 години. Требаше да се донесе во моментот кога го усвоивме амандманот 6 од Уставот. Но, важно е процесот да почне. Ќе бидат вклучени експерти, граѓани, цивилното општество, како и медиуми. Процесот ќе биде транспарентен, и секој ќе има можност да даде свое мислење, со цел да се најде најдоброто законско решение за реализирање на уставното право, додаде Фетаи.

Прашан дали постои временска рамка кога би се донел Законот за правична застапеност, Фетаи рече дека не може да зборува за датуми, но постои политичка волја за да се почне процесот. Според него, најдобриот начин е Законот да донесе во Собранието со консензус.

На новинарско прашање дали ги слуша препораките од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Фетаи одговори дека ја поддржуваат работата на оваа институција, ги прифаќаат нивните извештаи и ги следат нивните препораки.

-Јас имам постојани контакти со членови на Антикорупцијата. Активно учествуваме во изготвување на новиот Закон против корупцијата и политички ја поддржуваме работата на оваа институција. Се разбира, ги прифаќаме нивните извештаи и ги следиме нивните препораки. Како вицепремиер и како дел од коалицијата, можам да кажам дека сите сме заинтересирани да докажеме дека нашата влада е реформска, посветена на владеење на правото и на борбата против корупцијата. Ќе видите дека за првпат ќе има промена околу пристапот на финансирање на институциите против корупцијата. Какво Влада заинтересирани сме да инвестираме повеќе буџетски ресурси во сите антикорупциски институции, додаде Фетаи, пренесе МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ