Унгарската владејачка десничарска партија Фидес соопшти дека ќе ја напушти главната десничарска политичка групација во Европскиот парламент откако Европската народна партија (ЕПП) гласаше за промена на нејзините внатрешни закони за исклучување членови, пренесува Гардијан.
180 членови на ЕПП водеа кампања за протерување на Фидес, под обвинение дека партијата негативно влијае на унгарската демократија, медиумските и други слободи по што гласаа за воведување измени во нивниот правилник што ќе овозможат исклучување на поединци и цели партии од членството.
Виктор Орбан, во писмото објавено на Твитер рече дека е „разочарувачки“ тоа што среде пандемија ЕПП ги ограничува правата на своите претставници. Орбан ја обвини ЕПП за „обид да ги замолчи и оневозможи нашите демократски избрани европратеници“ и го нарече гласањето „непријателски потег против Фидес и нашите гласачи“, како и „антидемократски, неправеден и неприфатлив“.
#Fidesz rezygnuje dzisiaj z uczestnictwa w #EPP
Donald Tusk może zacierać rączki. Osiągnął swoje, ściągnął na lewo centroprawicową (kiedyś) partię."Eurodeputowani #Fidesz będą reprezentować swoich wyborców i bronić interesów narodu węgierskiego🇭🇺"
– Viktor #Orbán pic.twitter.com/7IvZpgNVlW— Viktor Orbán PL (@OrbanPl) March 3, 2021
Одлуката на Орбан да се оддалечи од најголемиот единствен блок за гласање во парламентот ги завршува долгогодишните расправии меѓу партиите на ЕПП околу тоа дали да ја исфрли неговата десничарска, популистичка партија од групата или да ги задржи своите европратеници.
ЕПП го суспендираше членството на Фидес во 2019 година поради зголемената загриженост дека владеењето на правото се уништува во Унгарија и дека партијата се впушта во анти-бриселска реторика и го напаѓа раководството на ЕПП. Во моментов партијата има 12 европратеници.
Одлуката на Орбан да го извади Фидес по сопствена волја, како што пренесува Гардијан, на крајот претставува добредојдено решавање на проблемот за ЕПП, бидејќи тензиите со Унгарија и Полска околу владеењето на правото веројатно ќе се зголемуваат понатаму во наредните месеци. Европратениците на Фидес сега најверојатно ќе се приклучат или на социјално конзервативната и евроскептична група на европски конзервативци и реформисти (ECR) во која доминира партијата Полска за закон и правда (PiS), или крајно десничарската, националистичка група Идентитет и демократија основана во 2019 година од француската Марин Ле Пен и Италијанецот Матео Салвини, смета Гардијан.