Министерот за здравство, д-р Венко Филипче на прес конференцијата соопти дека во последните 24 часа има уште 29 заразени со Ковид- 19 – Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица. Денеска починала уште една пациентка.
Пациентката е од Дебар, со денови била на респираторна машина и подлегнала на болеста.