• Latest

Филипче: До крај на август половина милион вакцинирани, засега нема нови рестрикции

July 27, 2021

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: До крај на август половина милион вакцинирани, засега нема нови рестрикции

July 27, 2021 11:14
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилично добро се одвива целокупниот процес а денес веројатно ќе се надмине бројката од 500.000 вакцинирани лица со најмалку 1 доза од нив над 330.000 се веќе ревакцинирани, во следниот период очекуваме да до крајот на август сите 500.000 кои што се вакцинирани со 1 доза да бидат и ревакцинирани, истакна министерот за здравство, Филипче пред новинарите на денешниот настан по повод „Месец на остеосарком” во библиотеката на Клиниката за ортопедија.

„Добро се одвива теренската вакцининација, некаде 20.000 лица се вакцинирани со теренска вакцинација од почетокот до сега, просечната бројка на вакцини со 1 доза изминатиот период на ден изнесува помеѓу 3 и 5 илјади, некаде околу 30.000 изминатите 2 недели. Во таа смисла, продолжуваме во август согласно кадарот којшто е во здравствените домови да се вакцинира само во вакциналните пунктови во рамките на здравствените домови, останува да функционира салата во Тетово и Струмица, целокупниот друг процес ќе се одвива во здравствените домови и теренска вакцинација“, информираше Филипче.

Во однос на заболените, Филипче кажа дека има 92 заболени пациенти од вкупно 330.000 кои што се ревакцинирани, што значи дека процентот на заболени лица, кои се ревакцинирани е навистина многу мал, некаде околу 0,02%.

Филипче најави и силно интензивирање на кампањата по 14 август, во соработка на Министерството и Владата со Делегацијата на ЕУ и УНИЦЕФ, со цел да се подигне опфатот на вакцининација.

„Засега не планираме да воведеме никакви рестриктивни мерки ни на границите ни тука во рамките на организација на настани, масовно присуство итн.“, истакна министерот за здравство, но рече дека се размислува дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи од средината на септември, или почетокот на октомври.

„Ги следиме искуствата од другите земји, секаде во светот има една дебата што и како да се прави. Размислувањата одат кон тоа дали треба да се прави некаква рестрикција во однос на граѓаните кои не се вакцинирани. Зошто да ги загрозуваат сите тие кои што имаат можност да се вакцинираат а не го прават тоа од било какви причини…Ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон генерално популацијата вклучувајќи ги и вакцинираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки“, изјави министерот за здравство Филипче.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ