• Latest

Филипче: Дополнителните рестриктивни мерки се со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне

April 5, 2021

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Дополнителните рестриктивни мерки се со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне

April 5, 2021 16:09
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Се соочуваме со бран кој е предизвикан од мутација на вирусот која е различна во однос на карактеристиките кои вирусот и бранот го имаше во ноември. Имаме голем број хоспитализирани пациенти, лекувањето трае подолго отколку минатата година и тоа создава дополнителен товар на сите болнички установи, на сите здравствени работници кои се целосно мобилизирани и учествуваат во лекување на овие пациенти, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Иако овие сегашни мерки ги стабилизираа бројките, не дозволија експоненцијален раст, посочи, во делот на хоспитализацијата пикот се надевам дека нема да има измени, беше на 31 март, 1 април, 2 април, сега нешто се намалува сепак огромна е бројката на ново дијагностицирани, на хоспитализирани и тоа иако се намалена динамика, се кумулира и создава огромен притисок во болниците.

– Празниците кои доаѓаат дополнително може да ја комплицираат епидемиолошката ситуација и во таа смисла не сакаме да дозволиме во продолжение на целиот тој период се случи дополнително оптоварување на здравствениот систем, нешто што веројатно тогаш тешко би можеле да го изменаџираме. Во таа смисла се сите овие дополнителни рестриктивни мерки со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне, истакна Филипче на прес-конференцијата.

Посочи дека со тежок бран се соочуваат Србија, Црна Гора, Бугарија и многу земји од Средна Европа.

– Ги ангажиравме сите дополнителни капацитети во делот на болниците и активирани се модуларните ковид одделенија и сега почнува со работа ковид одделението во Битола. Иако има намалување на инциденцата во голем дел од градовите, има градови каде таа е се уште висока како што е во Куманово, Битола, Кичево и Тетово. Сите дополнителни одделенија се скоро исполнети. Во функција е болницата во Козле, која е снабдена со кислород, обезбеден е кадар и се хоспитализираат пациенти, рече Филипче.

Појасни дека има клиничка слика на болеста која е различна од претходниот бран, хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходниот бран кога на 14 ден од лекувањето пациентот во најголем број случаи се сметаше дека е излекуван, сега и кај помлади пациенти имаме влошување на состојбата на 12, 13 и 14 ден од лекувањето на начин на една форма која ретко се гледа со драстично влошување на сликата на белите дробови и крвта која за жал често завршува со лош исход покрај сите третмани на лекување и терапевтски пристап.

Во врска со смртноста, рече дека таа е висока насекаде во регионот.

– На пример на милион жители во Црна Гора има 2078 смртни случаи, Босна – 2071, во Бугарија – 1967, Словенија – 1963, а кај нас 1891 смртни на милион жители. Има за жал и рекордни бројки на смртни случаи и во изминатите денови во Грција, Бугарија…Сите земји имаат голем број ново дијагностицирани и хоспитализирани. За разлика од минатогодишниот просек од седум на вкупниот број дијагностицирани сега се хоспитализирани 11,12 проценти кај нас и согласно тоа и зголемен број смртни случаи, истакна Филипче.

Во врска со вакцинацијата посочи дека таа добро се спроведува и денеска во функција е и салата „Борис Трајковски“.

– Околу 300 граѓани на час во изминатите три четири часа се веќе вакцинирани. Двајца граѓани имале лесна клиничка слика компликација во смисла на колапс кој не е доведен во врска со вакцината. За кратко време после интервенцијата на службата за Итна медицинска помош се целосно повратени и се во добра здравствена состојба. Околу 3000 граѓани дневно ќе се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“. А вкупниот број во текот на следниот период и согласно доаѓањето на вакцините ќе го зголемуваме односно ќе се скратуваат времињата на чекање меѓу секој од вакцинираните. Вкупната бројка вакцинирани досега е 10 000, рече Филипче.

Во врска со девојката која имаше компликација, тромбоза на едната вена на окото, потенцира дека таа се чувствува добро и денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.

– Очекуваме овој месец да стигне значајна количини вакцини од сите производители и согласно националниот план да бидат распределени по возрасни групи и за вработени кои имаат голем ризик да заболат и согласно тоа вакцинацијата да продолжи и во здравствените домови и во салата „Борис Трајковски“. Апелирам граѓаните да ги почитуваат новите мерки. Одговорноста е исклучително битна и само така ќе имаме ситуација бројките значајно да се намалат во следниот период и за што пократко време излеземе од овој трет бран, додаде Филипче.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ