Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги посети повредените во експлозијата на плинска боца во Романовце, Куманово. Тој истакна дека четворица се во животна опасност, а меѓу нив има и бремена жена.
„Двајца мажи на околу 60 годишна возраст се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација. Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40 годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници“, изјави Филипче.
А. Зеќири