• Latest

Филипче очекува позитивен исход во однос на корона вирусот

March 22, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче очекува позитивен исход во однос на корона вирусот

March 22, 2020 21:33
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека искрено верува оти ќе има позитивно сценарио во однос на корона вирусот во нашата држава.

„Искрено верувам. Тоа е впрочем и целта на сите овие мерки – намалување на социјалните контакти и комуникацијата со луѓето, ограничувањето во движењето, тоа се со цел да се намали комуникацијата е нешто за што веќе во светот има позитивни примери, односно дека само тие мерки доведуваат до тоа да бројот на зболени се намали. Во одредени региони на Италија, во регионот на Вухан. Токму после воведување на вакви радикални мерки веќе има денови кога нема нови пациенти. Така што искрено се надевам дека сето ова ќе даде резултат“, рече Филипче.

Филипче повтори дека количината на тестови за коронавирусот е сосема доволна.

„Сметам дека мерките коишто се сега на сила, дополнителните мерки коишто планираме да ги воведеме во смисла на заострување, контрола, заштита пред се на најризичните групи ќе дадат резултат заедно со типот на тестирање којшто ќе биде како модел во сила од утрешниот ден преку матичните лекари. Во таа смисла овие мерки на ограничување на движење, тестирањето согласно индикацијата, зголемениот пристап со пунктовите, со кол-центрарот и матичните лекари мислам дека значајно ќе ја намали кривата на зголемување на бројот на пациенти“, рече Филипче.

Тој информира дека имаат некои претпоставки во однос на пикот, во однос на тоа, како што рече, каде сме сега со кривата.

„Меѓутоа имаме и нови мерки исто како што имавме и досега. Искрено верувам дека ќе успееме да го намалиме бројот на пациенти. Сметам дека пикот на болеста во наши услови со сегашните мерки, со сегашните епидемиолошки податоци може да биде за еден месец од денеска“, рече Филипче.

Прашан за образовниот процес на средношколците и матурантите, Филипче рече дека се работи интензивно во МОН.

„За неколку опции станува збор. Верувам дека точната информација ќе можат да ја дадат“, рече Филипче.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ