Во изминатото деноноќие немаше пациенти кои се тестирани за коронаворусот, како што информиравме вчера попладне при посетата на ГП „Табановце“, се јавија тројца пациенти на Инфективната клиника, кај сите тројца имаше индикација за тесирање и тестовите беа негативни, едиствената пацинтка која е задржана на Инфективна е добра, секој ден се подобрува, рече министерто за здравство Венко Филипче.
Навабката на заштитни материјали е во тек, додека дезифекциски средства веќе денеска ќе започнат да се дистрибуираат ширум училиштата- рече Филипче.
-Се одлучивме на уште еден чекор, а тоа значи дека патниците на Визер кои патуваат од Милано и Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат т.н. задрвствена локарот карта, што ќе овозможи котрола на патници, каде престојувале и доколку се јави некој патник со сомптими многу лесно ќе биде да ги најдеме патниците. Во авионите ќе се пополнуваат прашалници, согласно оваа ситуација и ќе почене со имплементација уште од денеска, со цел послено лоцирање на пациентите- рече Филипче.
Забраната за масовните јавни собири важи до 6 март, потенцираше Филипче, секојденвно имаме состаноци со нашата група, утре најверојатно ќе излеземе со нова препорака, согласно тогаш свежите податоци.












