„Сметам дека треба да имаме неселективен пристап, без разлика на функциите коишто ги имаме и институциите треба да преземат соодветни чекори во таа смисла“, вели министерот за здравство, Венко Филипче, по оставката на заменик министерот, Муса кој е вмешан во корупциски скандал.
На новинарското прашање, што тоа значи за неговата професија, како доктор, Филипче јавно ја осуди ваквата постапка на Муса.
„Ги осудувам сите такви случки и сметам дека тоа не е начин да се функционира, во кој било систем, па и во нашиот – здравствениот. Впрочем, секаде има санкции за таквите постапки. Ние се обидуваме со сите наши мерки да ги стимулираме лекарите, со зголемување на платите, и со таа тенденција и со тие политики ќе продолжиме и во иднина. Секоја институција има ингеренции во рамките на кои функционира и во таа смисла тие треба да преземат се што е во соодветна ингеренција“, изјави Филипче.
М. Ивановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Биљана Јордановска