• Latest

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да престане да лаже, против Ковид-19 не е вакциниран ниту еден министер, функционер или директор

March 26, 2021
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да престане да лаже, против Ковид-19 не е вакциниран ниту еден министер, функционер или директор

March 26, 2021 09:18
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека високи функционери се вакцинирале против Ковид-19.

-Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден фуницонер, ниту еден министер во Владата, ниту еден директор. Списоците се регрутирани од страна на сите ЈЗУ во кои се лечат или прегледуваат пациенти со ковид, болници, клиники, здравствени домови, приватни здравствени установи, приватно стоматолошки установи, матични лекари и тоа е единствениот налчин на кој луѓето се вакцинираат. Слободно дојдете, уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок, рече Филипче одговарајќи на пратеничко прашање на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Објасни дека Националната стратегија за имунизација е правена врз основа на светските критериуми. Консултирани се меѓународни организации, СЗО, други развиени европски земји.

-Ние сме една од ретките земји во која целосно се вакцинирани здравствените работници кои работат со ковид пациенти, пожртвувано 24 часа на ден, цела измината година посебно сега кога цела средна Европа е зафатена од многу силне бран со Ковид-19. Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да освоите некој ефтин политики поен, но ќе ве разочарам, ние оваа борба ќе ја добиеме. Се што значи дозволен пристап на податоци за кои самите граѓани ќе се сложат да ги отстапат своите податоци како дел од своето здравствено досие, дојдете и земете ги, потенцираше Филипче.

Во Националниот план за имунизација се превидени повеќе сценарија, поради тоа што ниту една земја не знаеше со колку вакцини ќе располага. И затоа приотитет имаат здравствените работници.

-Огромен процент од здравствените работници се и ревакцинирани, а од следниот период и почнува ревакцинацијата со руската вакцина. Масовната вакцинација ќе започне на почетокот на месец април и тоа ќе биде дистрибуирана насекаде низ државата и ќе започне со критичните категории на граѓани над 70 години кои имаат хронични болести, рече Филипче.

Обраќајќи им се на опозициските пратеници, тој рече дека тие уште еднаш го покажуваат своето право лице, и оти само лажат, клеветат и шират лажни вести.

-И додека целиот свет се бори вие сте на спротивната страна и ние се бориме и за вакцините и против лажните вести кои вие ги ширите. Вашиот претседател Христијан Мицкоски кажа дека е многу задоволен од третманот на Инфективната клиника, додека зад кулисите ги поткопувате сите можни обиди да се зајакне здарвствениот систем во оваа криза, рече Филипче.

Тој ги потсети опозициските пратеници дека блокирале закони за што каснеле модуларните болници и опремата, како и за блокадата за изградба на нов Клинички центар.

Министерот Филипче потоа во одговор на друго пратеничко прашање, ги отфрли тврдењата за криминални и спорни постапки за набавка на вакцини. Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека кинеските вакцини требале да бидат набавени преку фантом фирма со тројца вработени и дека тие требало да бидат купени за двојно повеќе поголема цена.

– Во нашите постапки и набавки ниту има нешто спорно, ниту има нешто криминално, ниту има провизија. Тоа време помина, кога вие раководевте со владата и со здравството, изјави министерот за здравство.

Филипче тврди дека документите што ВМРО-ДПМНЕ ги извади во јавноста се целосно лажни.

-Таков документ од Министерството за здравство не е излезен. Таква фирма не сме виделе, дека таква исплата на таква сума нема. Престанете да лажете, изјави Филипче.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ