Министерот за здравство Венко Филипче е дециден дека со ситуацијата треба да се справуваат само стручни и компетентни лица, а не необучени партиски активисти.
Најавата на ДУИ дека 10.000 активисти ќе им помагаат на граѓаните кои се во изолација по препораките на Владата, министерит Филипче во “Утрински Брифинг” рече дека ќе биде само поголема беља.
„ДУИ излезе со предлог нивни членови да помогнат во кризните подрачја, но ваков тип на акција може да предизвика ситуацијата полесно да излезе од контрола”, беше прашањето поставено до Венко Филипче.
„Јасни се препораките во рамките накризното подрачје во однос на оперативниот план усвоен преку Центарот за управување со кризи. Има протокол, алгоритам на работа. Се знае како се влегува во зоната, како се дезинфицираат возилата, како се облечени луѓето. Замислите да имате необучени луѓе кои несоодветно постапуваат. Само поголема беља ќе биде тоа. Таму има стручни лица Сите тие се уходани знаат што прават”, одговори министерот.
А. З.












