Република Северна Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер од кои првите 5.850 дози ќе пристигнат во февруари, објави министерот за здравтсво Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
„Одлична вест на почетокот на годината. Првата доза од 5.850 вакцини против Ковид 19 од производителот Фајзер ситигнува во февруари, а во директни преговори обезбедивме 800.000 дози за цела 2021. Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе ја утврдиме“, истакна Филипче.
Од министерството за здравство соопштуваат дека навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид-19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, а таквите фрижидери во нашата земја ќе пристигнат месецов.
Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.