• Latest
Фото: МИА

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

December 15, 2023

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

December 15, 2023 14:49
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става сопки, ние не треба самите да си поставуваме сопки. Но, нема смисла за ново разочарување и жалење за можноста, треба да бараме нови можности во новонастанатите услови, вели амбасадорот и претседател на Советот на амбасадори Ѓорѓи Филипов.

-Да и честитаме на Украина затоа што ќе ги почне преговорите иако не можеме да и завидуваме на состојбата во која се наоѓа, а и на причините поради кои доби почеток на преговори. Значи, можело и од политички причини да се случи одобрување на почеток на преговори без разлика на подготвеноста на земјата, што не се случи со нашата земја. Знаеме и за други земји, слични работи се случија, а особено она излегување на премиерот на Унгарија, Орбан од салата каде што се гласаше, се донесе одлука 27 – 1, значи можело и тоа да се направи иако во самиот Устав и на работа во ЕУ треба сите да гласаат „за“, односно да се постигне консензус за секоја одлука, рече Филипов во изјава за новинарите дадена по трибината на тема „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“, организирана од Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој воедно апелира на отрезнување кај носителите на одлуките конечно да дозволат да надвладее националниот интерес над теснопартиските интереси и вели, колективната суета.

-Од друга страна, едно отрезнување за нас дека иако светот е подготвен да ни става сопки можеби, меѓутоа ние не треба самите да си ставаме сопки тие да ги на речам веќе не лични ами колективни суети на партиите во нашиот Парламент треба еднаш да ги победиме и да надвладее интересот за еднакво мислење кога е потребно државата да оди напред. Не сакам да споменувам кој е виновник, кој погрешил, меѓутоа некогаш интересите на државата треба да се стават пред интересите на која било партија, а Парламентот треба тоа да го има во предвид зошто таму се партиите. Ако не можат луѓето, тогаш партиите, ако едно поглавје на Библијата има само за суетата, нема за колективна суета, ама еве ние измисливме колективна суета зашто едни со други може да се надмудруваат, меѓутоа кој изгуби – изгуби. Изгубивме ние, изгуби Македонија, рече Филипов.

Тој нагласува дека условите во однос на промена на Уставот и внесувањето на Бугарите во највисокиот државен акт, кои што се дадени од ЕУ веќе не може да се нарекуваат бугарски диктат, и не гледа проблем во тоа ако веќе се влезени други национални малцинства.

Според Филипов, можеби и наредната власт, наредниот парламент нема да има 80 пратеници – двотретинско мнозинство, но не можеме, посочува тој, да ризикуваме во недоглед да стоиме во место, затоа тоа треба да се постигне.

-Иако донесовме една стратегија на Парламентот, еве не ја применуваме, пак се однесуваме предизборно. За жал, не само шест месеци пред избори ами четири години се чувствуваме како да сме пред избори. Малку сум разочаран од тој аспект, меѓутоа ние имаме нова ситуација, ќе гледаме нови можности да најдеме и во таа ситуација ако постојат, а постојат, можеме да го искористиме ова време на чекање за средување на домашни задачи што не сме распремиле по куќа, да употребам домаќински израз, имаме доста за работа во однос на подготвувањето на забелешките од скрининзите што ни се направени и во некоја смисла може и нема потреба да се изгуби чекор ако не продолжи вака да се однесува и наредниот Парламент како што овој се однесува, заклучува амбасадорот Филипов.

Коментирајќи ги одлуките на ЕУ и уставните измени кои не ги испорачавме, поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски вели дека е малку збунет бидејќи со години на разни меѓународни собири настојувал да укаже дека земјава па и другите држави од нашето соседство од Западен Балкан требало да се залагаме за поактивно, поинтензивно решавање на некои крупни прашања во рамките на ЕУ. Особено за прашања врзани за проширувањето на Унијата, за воведување решенија кои ќе бидат различни од комплетниот консензус, како што би бил консензус минус еден или консензус дури и минус два, што се од интерес дури и на самата Унијата, бидејќи и внатре во ЕУ има моменти кога некои крупни земји, битни членки на Унијата меѓусебе не можат да најдат целосна согласност.

– Но јас сакам и во оваа ситуација да гледам нешто позитивно бидејќи Украина навоистина доживува и минува низ еден страшен период и не само заради воената катастрофа и агресија што и се случува вантре, туку затоа што ова веќе наликува на опасност од глобален карактер за поширокиот дел па и за целиот европски континент. И сакам да најдам некои можни идни решенија кои на поинаков начин и со поотворен пристап кон значењето на земјите од ЈИЕ и на Македонија, ЕУ ќе ги посматра при некое идно одлучување на некој иден Европски совет и дека ќе донесе одлука во интерес на нашата земја и на земјите од нашиот регион, вели Илиевски.

Смета дека ни претстои период на уште поголема неизвесност за иднината на земјава во очекување на изборите за ЕП следната година, и можниот пораст на евроскептицизмот во границите на ЕУ, но нашата шанса ја гледа во посветеноста на реформскте задачи.

-Иднината ќе биде многу тешка и неизвесна, пред се во контекст на тие избори, бидејќи не го знаеме резултатот, но и да го знаеме мислам дека заради сите проблеми што во моментов ја потресуваат Европа и ја притискаат и на нејзините граници и внатре, како можната нова мигрантска криза од разни правци, веројатно ќе доведе до уште посилна ксенофобија во рамките на ЕУ, затвореност, која можеби и процесот на пристапување, на зачленување ќе го направи малку покомплициран, и потежок, и за Македонија. Но ако ние навистина си ја работиме нашата работа овде, ако работиме по европски стандарди кои се битни и за нашите граѓани мислам дека тоа, сепак, Европа и Брисел ќе го препознаат и дека нашите шанси не да не се затворени, туку уште повеќе се отвораат одошто досега, оценува Илиевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ