• Latest

Филиповска–Грашкоска: Приоритет е заштитата на јавното здравје, нема толеранција за прекршување на здравствените ковид протоколите

October 28, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филиповска–Грашкоска: Приоритет е заштитата на јавното здравје, нема толеранција за прекршување на здравствените ковид протоколите

October 28, 2020 16:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес конференција истакна дека досега извршени се вкупно 3.959 контроли, од кои 1.436 се инспекциски надзори. Контролите се однесуваат на почитување/ непочитување на законите, владините уредби, одлуки, протоколи како и мерки за превенција и спречување на ширењето на коронавирусот во државата.

„Од страна на инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, во периодот од 19 – 25 октомври извршени се 2.523 контроли односно 613 надзори поврзани со почитување на здравствени протоколи, отворање и работа на угостителски објекти, Закон за трговија, Закон за заштита на потрошувачи, Закон за угостителска дејност и Закон за заштита од пушење. Како резултат на истите, поднесени се 19 прекршочни пријави и 8 кривични пријави за непочитување на ковид протоколите и материјалните закони. Дополнително, изречени се 66 решенија и 29 платени налози по материјални закони“, истакна Филиповска-Грашкоска.

Таа додаде дека од Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршени се 90 надзори, при што се издадени 5 решенија за констатирани неправилности.

„На лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица, од страна на здравствените инспектори издадени се 6.715 решенија за изолација и домашно лекување. Државниот инспекторат за труд, во истиот период, спроведе 400 надзори на правни субјекти во однос на почитување на Протоколот за заштита на здравјето на вработените. Донесени се 12 решенија кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи.  Во истиот временски период, од страна на Инспекторатот за транспорт, од вкупно извршени 48 надзори, изречени се 4 кривични пријави, 6 прекршочни пријави, донесени се 3 решенија и 2 прекршочно платни налози. Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД при извршени 33 надзори на територијата на целата држава нема констатирано прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите. Од страна на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство извршени се 252 надзори и издадени се 5 решенија, 3 прекршочни платни налози и паралелно спроведени се 15 едукации. Констатираните недостатоци се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, нерегистрирани објекти и небезбедни производи“, додаде Филиповска-Грашкоска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ