• Latest

Филиповска-Грашковска: Има помалку непочитувања на протоколите, најверојатно поради зголемените ингеренции на инспекторите

November 11, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филиповска-Грашковска: Има помалку непочитувања на протоколите, најверојатно поради зголемените ингеренции на инспекторите

November 11, 2020 16:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Помалку непочитувања на здравствените протоколи забележале инспекциските служби во текот на минатата недела, што според претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, најверојатно се должи на зголемените ингеренции на испекторите.

„Претпоставувам дека измените на Законот со кои се зголемија овластувањата на инспекторите, но и се додоа нови мерки, како што е забраната за вршење на дејност и изрекување глоби доколку не се почитуваат протоколите, ги дадоа своите резултати. Впрочем, мината недела констатирана е само една неправилност во однос на непочитување на здравствените протоколи. Станува збор за објект во Куманово за кој е изречена забрана за вршење дејност и прекршочен платен налог“, изјави Филиповска-Грашковска на денешната прес-конференција во Владата.

Сепак, според неа, во спречувањето на ширењето на вирусот потребна е и помошта од граѓаните и стопанствениците кои треба да ги почитуваат протоколите.

„Се наоѓаме пред најтешкиот период од справувањето со вирусот, период  во којшто сите подендакво треба да покажеме општествена одговорност преку почитување на мерките и протоколите со цел да го спречиме ширењето на корона вирусот и да ја надминеме оваа здавствена криза. Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на уредбите и одлуките на мерките на Владата за спречување на ширењето на корона вирусот. Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но, во целиот процес потребна е поддршка и помош од секој граѓанин и од стопанствениците преку почитување на здравствените протоколи и законите“, нагласи Филиповска-Грашковска. 

Во периодот од 2 до 8 ноември спроведени се вкупно 5.503 инспекциски контроли од кои 3.743 извршил Пазарниот инспекторат. Од страна на пазарните инспектори направени се и 614 надзори. Поднесени се вкупно 26 прекршочни пријави од коишто една за непочитување на ковид протоколот, а останатите 25 за непочитување на материјалните закони. Поднесени се и две кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, како и 45 решенија и 43 прекршочни платни налози. 

Здраствениот и санитарен инспекторат извршил 67 надзори и има изречено шест решенија поради констатирани неправилности, како и 11.523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица кои се позитивни или биле во контакт со заболено лице. 

Во овој временски период во аптеките не се забележани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.

Инспекторите за труд извршиле 597 надзори и изрекле 24 решенија за утврдени неправилности од областа на работните односи. Инспекторатот за транспорт извршил  58 надзори и издал девет решенија и три прекршочни платни налози.  

 АХВ извршила 385 надзори, при што се издадени 11 решенија, пет прекршочни платни налози и спроведени 14 едукации. Најчестите неправилности кои ги забележале овие инспектори се за неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општите хигиенски мерки и нерегистрирани објекти.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ