• Latest

Порастот на платата во јануари и падот во февруари се од сезонски ефект

April 24, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Порастот на платата во јануари и падот во февруари се од сезонски ефект

April 24, 2018 11:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната нето плата за 2018 година ќе се движи околу 24.000 денари, оценува Институтот за економски и политички истражувања Finance Think. Наглиот пораст на просечната плата во јануари 2018 година според нив не може да се толкува дека е резултат на порастот на минималната плата, а забележаниот значителен пад на месечно ниво на просечната нето плата во февруари не е за изненадување.

Во февруари 2018, просечната нето плата во Република Македонија забележа значителен пад на  месечно ниво од 3,6 проценти, притоа одржувајќи го започнатиот тренд на годишен раст од претходно, од 3,6 отсто. Во јануари 2018 годишниот раст изнесуваше 5,6 отсто, поради што нето платата за првпат се искачи над 24.000 денари.

– Уште при објавувањето на јануарскиот податок за нето платата, Finance Think укажа дека се работи главно за сезонски ефект, којшто се јавува вообичаено поради исплаќањето годишни додатоци на плата, а не се должи на порастот на минималната плата. Доколку се набљудува десезонираниот (долгорочен) тренд на платите тогаш тој е недвосмислено растечки, што делумно се должи и на порастот на минималната плата од октомври 2017, но конкретниот пораст на платата во јануари 2018 е во голема мера чист сезонски ефект. Во истата мера, значителниот пад на платата во февруари 2018 е, во голема мера, сезонски ефект (главно, поради пократок месец), и не се должи на потенцијално лоши економски фундаменти, појаснуваат од Finance Think.

Според нив за одбележување е дека годишниот раст на платата во периодот јануари-септември 2017 година изнесувал просечно 2,5 отсто, додека во периодот октомври 2017-февруари 2018, 3,7 отсто.

– Разликата во овие две просечни стапки на пораст може да се припише на порастот на минималната плата. Но, особено е важно, засегнатите страни да не очекуваат дека порастот на минималната плата може драстично да се одрази врз пораст на просечната плата, односно наглиот пораст на просечната нето плата во јануари 2018 во никој случај не можеше да се толкува како последица на порастот на минималната плата, истакнуваат од Finance Think.


Извор: МИА

Tags: Finance ThinkМакедонијането плата
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ