• Latest

Финанисери на Левица се скромни симпатизери и членови

October 24, 2017

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Финанисери на Левица се скромни симпатизери и членови

October 24, 2017 10:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода упати писмо, на почетокот на октомври, во кое побара од политичките партии, во духот на транспарентноста на која се законски и морално обврзани, да одговорат на неколку прашања што се однесуваат на финансирањето на нивните кампањи.

Во продолжение одговорите на политичката партија „Левица“, односно на нивниот член, Здравко Савески.

ЦИВИЛ: Како ги финансирате предизборните кампањи?

Савески: Бидејќи Левица е партија која ги застапува интересите на работниците, сиромашните и обесправените, за разлика од останатите партии, нашите предизборни кампањи не ги финансираат газди (под флоскулата на членови и симпатизери, нели). Финансиите за нашата кампања доаѓаат од донациите на нашите членови и симпатизери, кои обично и самите се во лоша материјална состојба, како и од јавното финансирање.

ЦИВИЛ: Како ги финансирате пропагандните материјали и реклами?

Савески: Од парите предвидени за изборната кампања.

ЦИВИЛ: Колку пари чинат подароците за гласачите (пенкала, маици, кафе, балони итн.)

Савески: Ние, поради принципиелни причини, не нудиме ваков вид подароци за гласачите.

ЦИВИЛ: Кои се изворите за финансирање, односно донаторите?

Савески: Одговорив погоре околу профилот на нашите донатори.

 

Овие прашања се упатени до сите учесници во изборната трка на сите избори, но одговорите изостануваат со години наназад.

Освен, „Левица“, на прашањата одговорија и од партијата на Фиат Цановски, ПЕИ.

„На овие избори нашата политичка партија генерално ги подржува кандидатите предложени од СДСМ, така што немаме издвоена, самостојна кампања“, одговори портпаролот на ПЕИ, Сеадин Џафери.

Што се однесува до двата финансиски извештаја, доставени до Државната изборна комисија, во период од 21 септември до 14 октомври, „Левица“ потрошила вкупно 281.114 денари во изборната кампања.

Биљана Јордановска

Tags: изборна кампањаЛевицафинансииЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ