• Latest

Финансиската полиција и обвинителството ја следат трагата на унгарските пари во македонските медиуми

March 7, 2020

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Финансиската полиција и обвинителството ја следат трагата на унгарските пари во македонските медиуми

March 7, 2020 14:48
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската финансиска полиција го истражува досието со црните пари од Унгарија со кои се финансирале медиуми во Скопје. Сомнежите се дека нелегалните пари се обезбедуваат преку кривичното дело „перење пари“, а се отвара и сомнежот дека тие се од унгарските државни фондови за финансирање на медиуми.

Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, вели дека истрагата е во тек и дека се во координација со финансиското разузнавање кое што е во комуникација со службите во Словенија, со цел целосно да ја откријат трагата на парите, за да се утврди од каде се обезбедуваат и како стигаат до македонските медиуми.

За таа цел, финансиската полиција го известила Јавното обвинителство дека парите во македонските компании на Петар Шац, инаку сопственик на телевизија Алфа, се со неутврдено потекло, па дури и инсистира на замрзнување на сметките на фирмите на Шац. Во Јавното обвинителство знаат за случајот со црните унгарски пари. Сега, Јавното обвинителство е на потег. Што ќе преземат македонските обвинители за да се открие и да има судска завршница овој милионски мега скандал со корупција во медиумите и сериозен атак на македонските национални интереси. Дали конечно ќе се замрзнат сметките на Шац?

За овој случај во Словенија се водат истраги веќе две години затоа што истиот, Петар Шац и таму поседува медиуми во кои завршуваат сомнителни пари од Будимпешта. Во Скопје пак, целиот случај се истражува преку реклами на медиумите за производи кои воопшто ги нема на пазарот.  Рекламите кои се предмет на истрагата се појавуваат на ТВ Алфа, како и на веб страницата Рипост. И двата медиуми, од 2017 година се на Шац, период кога унгарските пари започнуваат со узурпација на медиумите. Целта била да се поддржи Никола Груевски, сојузникот на Орбан.

ИРЛ објави дека Финансиската полиција има откриено фактури испратени од Рипост до Алфа во износ од 440.000 евра. Претходно, новинарите во Словенија обелоденија дека речиси три милиони евра биле пренесени во македонските медиуми и покрај Алфа ги споменуваат порталите Лидер, Курир и Нетпрес.

Дополнително, ИРЛ објави дека влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни трансакции за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.

Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓаат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија, парите пристигнуваат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб страница што продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании што се простор за реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија што, самото по себе, ја доведува во прашање целта на трансакциите.

Во двете земји се купуваат весници, веб страници, радија и телевизии. Во Македонија, сите овие медиуми му даваа силна поддршка на Никола Груевски, а во Словенија тој човек беше Јанез Јанша. Тие го поддржуваат Никола Груевски во Македонија и Јанез Јанша во Словенија, а тие, пак, важат за пријатели на Виктор Орбан во Унгарија. И двајцата политичари се популисти, десно ориентирани, како и унгарскиот лидер, нагласувајќи ја наводната закана од мигранти и остро го напаѓаат унгарско-американскиот филантроп, роден во Унгарија, Џорџ Сорос.

извор FRONTLINE.MK

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ