• Latest
Зоран Иванов

Фингерт принт – фингер примитивно

October 5, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Фингерт принт – фингер примитивно

За нив, за нас, за прославите и контрапрославите, за интеграциите и рампите, за изборите и лагите, за моралот и оставките, за претседателите и испадите, за пописот и контрашите, за администрацијата и релаксацијата. А всушност, само за примитивизмите наши овдешни „Валкански.“

October 5, 2021 11:32
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Сѐ тече, само ние не се менуваме. Сѐ само со инаети и пизми. Меѓупартиски контри, подметнувања, обвинувања, клетви. Во изобилија дури и на деновите јубилејни. И на 30-те години на Втората македонска република и 20-те на Рамковниот. Исто и за пописот, за таа само уште кај нас политичка или еве и политизирана операција, за изборите, исто и за несреќата исто и за модуларната.

КОНТРАПРОСЛАВИ 

Едните наместо здружно на централната државна прослава во Скопје, киднаа во Битола на некое свое приватно чествување на нели единствената татковина. И само затоа што не биле власт. Примитивно, типично, уникатно македонски и историски традиционално со антагонизми и пизми. Овие пак за Рамковниот месец пред тоа со еднопартиски триумфализам како Олимп да го освоиле. А свежо е, на сите страни животи недолжни паѓаа, мајки се расплакаа, семејства во црно се завија, но пуста власта жртвите бргу ги заборава. Бар да ги споменеа, бар малку пиетет да покажеа. Баш онака, ем комотно, ем фингер примитивно. Осмосептемвриските прослави, и државната и пара државната, ги засени еден од најужасните настани со пожарот во тетовската модуларна болница. Се разбранува јавноста за одговорноста. Опозицијата се нафрли врз министерот за здравство барајќи му го скалпот. Но и дел од граѓанската па и од интелектуалната јавност, очекуваше морална постапка и од министерот и од премиерот. Овие очигледно проценија дека тоа не ќе е добар чин ниту за состојбата со менаџирањето со КОВИД, ниту за владата, ниту предизборно за партијата.

Опожарена модуларна КОВИД болница во Тетово, 8 септември 2021

Но, и за министерот и за владата и за партијата, оставката ќе беше доблесна посебно како показ за степенот на политичката култура кај нас воопшто. Но ете, уште и за ова сме подалеку од развиените демократии. Натамошната политичка кариера на министерот ќе покаже дали јавноста бргу заборава или неговата одлука да не реагира сепак ќе остане темна морална дамка која кога тогаш ќе му се удри по политичката кариера. Баш онака, ем неочекувано, ем фингер примитивно.

ИЗБОРИ, ЛАГИ И ИНТЕГРАЦИИ 

И за избориве умот пак не им доаѓа. Кампањата ја почнаа со рафали од  калашников како да е `41-ва или 2001-ва. Добро, не е исто, сега наместо со оловни, со зелени куршуми. Но, избори се, и јубилеи, па и по некој ваков и сличен свадбарски гест, некому можеби дури и симпатично да му подналикува. Но ете, сето колку да не` потсети дека во Европа тоа може само уште овде. А Унијата? Е таа нека се стрпи, нека не` почека уште генерација, две. Сега ни е баш фино овде на Балканов. Баш онака, ем релаксирано, ем фингер примитивно.

Предизборна кампања на ДУИ, за локалните избори на 17 октомври 2021. Пукање со огнено оружје.

Туку, ова гостиве европски со мандат од дневен престој во Скопје, пак нешто зачестија. Дали тазе ајвар намирисаа или по морковот си дојдоа. Стапот и онака од поодамна го јадеме откога уште пред деценија и пол европските емисари на секои три месеци ни ги почнуваат пристапните дијалози со Брисел. И овој пат исто. Дојдоа, си заминаа. Со домашен ајвар или со тегла Мамас, сеедно. Важно госпоѓата претседателка на ЕУ комисијата и нејзиниот комесар за пумпање на европскиот балон, како да се плашат да не го пренадујат па да им пукне како што Европа знаела да пука. Како во онаа несреќна `914-та, на пример, или, исто така на пример, како во онаа уште понесреќна 41-ва.

Претседателката на Европската комизија, Урсула фон дер Лејен во посета на Скопје, 28 септември 2021

И пак е нејасно зошто наместо по Пештерска во Софија каде што тешката бугарска рампа е заглавена на најсниско, тие пак овде. Ако не дошле по ајварот, тогаш или беа по грешка или посакале од уште поблизу да ни ги видат корупциите и еко депониите. Но гости. Ние пак љубезни, фини, кротки, молчаливи. А можеме ли поинаку кога апла, пред нивни очи, од под шапката на државава се уште протекува сиот наш криминоген менталитет. Баш онака, ем фино европски, ем фингер примитивно.

И така некако и натаму комотно си тераме со балканскиот примитивизам, дисциплина во која сме шампиони. Ништо не не` пере. И нечистиот Вардар е почист од нашата колективна совест. Но, добро, еве некои нови комунисти барем пловен ќе го правеле. Па што, ако на времето можеа држава да ни направат, па за пловен Вардар зар воопшто муабет ќе се прави.

Галија на реката Вардар ( Скопје 2014)

И не само реки пловни, туку и ако треба космодроми ќе се прават и  јавен превоз џабе и патики муфте ќе се делат. Последново веројатно како реплика на оној солидарниот чин од Мексико „чевли за секое дете“, дар за скопјани за страдањата од катастрофалниот земјотрес во `63-тата. Но добро, избори се, нели, и циркус е, нели, а на илузиите циркузот им е дом, нели, па и на посериозни фаци им се случува да подистресат по нешто ментално, нели. Баш онака, ем неконтролирано, ем фингер примитивно.

МАНУ СЕ ЈАВИ 

Дури и едно и МАНУ се јави. Навистина се јави. Се подразбуди тој лапидарен храм, таа наша водилка на нашите прогреси и онака уште мамурна запука неконтролирано па, кому иде. До душа, од тоа легло на мудроста и порано знаеле да проектираат по некој фундаментален бисер како оној за поделба на државата или оној со недокваканата енциклопедија, па еве и сега оттаму, од два, три метри квадрати концентрирани двајца, тројца државни претседатели подзаметоа по поделбите, криминалите, корупциите, непотизмите, клиентелизмите, тендеризмите. Ни порачаа дека вакви раскарани, поделени и корумпирани, ниту перспектива европска имаме, ниту бутур. Па, од кого е дури и фино е.

Свечен научен собир на МАНУ: „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“

Само е нејасно дали таму, во академијата, има некое огледала за дотичните пред да проговореа на темата, да можеа малку да си се ѕирнат во него. Одблизу и себе да се видеа и за поделбите и за криминалите и за корупциите и за непотизмите и за клиентелизмите и за тендеризмите. Па, ако само до огледалото било, добро е. Ете, тука бил одговорот дека дури и оттаму, од МАНУ, се случува одвреме, навреме да пробликнат по некои бисери. Баш онка, ем по нешто паметно, ем по нешто фингер примитивно.

ФИНГЕРПРИНТ

Збор, два и за слоганот од насловот. Дечкото, првиот човек на ДИК,  во транс падна од радост. Се испофали по сите телевизии. Му стигнал третиот шлепер со оние де, оние со странско име. Оние фингери мингери како за престапници што се. Отисоци што ќе ни проверувале на изборните места како да сме приведени деликвенти по полициските станици. По цели три декади зреење и веќе мал милон избори, толку од нашите европски стандарди, од нашата европска политичка култура. Но виновни сме си самите кога на неизживаеани и недоквакани партиски бирократи им  дозволуваме да се изживуваат врз буџетот, да трошат пари на глупости додека децата уште ни пожолтуваат по руинираните школски тоалети. Да не` ставаат под  сателитски надзор како да сме терористи. И тоа, наместо ние нив, еве, тие нас. Уште и да не`деградираат и како гласачи и како граѓани и да не` третираат како крадачите да сме ние, а не тие. И тоа ни го прават токму оние што во бомбите ги чувме и за личните карти и за лифтовите и за списоците и за ендеците.

Фингерпринт терминал

И сега, баш тие  истите, тие чесните, тие правичните, ќе не`контролирале нас криминалците , нас грешните. Баш онака, ќе ни го прават тоа ем посветено ем докажано фингер примитивно.

ПОПИС

Во месецот кој што туку замина, ако за некои можеме да кажеме дека беа херои, би можеле епитетот да им го подариме на попишувачите. По цели дваесет години тие ја завршија операцијата. Си ја истуркаа обврската и, наспроти анти кампањите на лажните патриоти, на тие докажани уривачи на се`што е е некакво државно темелче, успеаја. Си ги оставија контрашите да си се прпелкаат во сопствениот пораз. И не само тие и таквите. Колку да не остане покуса, се јави и ГДУ, политичката партија на Бугарите од државава Македонија. Таа, партијата, немала да го признае пописот. Не прецизираа кој попис, овој нашиов овдешниов или оној тамошниот пиринскиот. Но сеедно. И така и пописот нема да ја признае ГДУ. Дури и за оваа службена државна операција, нејзините водачи не успеаја да се воздржат, а да не ја покажат својата покорност на столицата па се истрчаа со нови пизми. Баш онака, ем ступидно, ем фингер примитивно.

АДМИНИСТРАТИВНА КОМОЦИЈА 

Ете, така некако мина и септември 2021. Но, како тргна, и овој месец не ќе е посаглам. Првиот прав го крена Министерството за државните чиновници. Предлага закон за во петоците администрацијата да работела само по четири часа. Јавноста веднаш предложи корекции. И во понеделниците да не работеле, да се одмореле од петокот. Да се дорелаксирале. Баш онака, ем комотно, ем фингер примитивно.

 


Текстот е личен став на Авторот. Creative Commons 4.0 (дозволено е преземањето во целост, со соодветна атрибуција: линк, извор и автор)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ