• Latest

Фиромците од Будимпешта денеска не го слават Денот на независноста

September 8, 2019
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Фиромците од Будимпешта денеска не го слават Денот на независноста

Се разбира, пионите на, сепак, десеткуваната (азилантска) Фамилија, фиромците, немаа ништо попаметно да направат денеска, освен, за наши пари, да се шетаат наоколу и демонстративно да не учествуваат во прославата на Денот на македонската независност. Тие „славеа“ на свој начин, ама не и за свои пари, туку со пари од буџетот на државата. А пари имаат, многу. И јавни пари лапнаа и многу црни пари имаат. И ги инвестираат во деструкција.

September 8, 2019 19:28
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Фиромците денеска, на 8 Септември, Денот на независноста, не најдоа причина да слават. Не се потрудија ни да го истераат редот, да се закачат барем на опашките на протоколот и да оддадат почит на починатите македонски претседатели. Не, тие беа на пикник.

Нема ниедна причина да им се придава преголемо значење, но само кога не би биле толку деструктивни и присутни во јавниот и политичкиот живот. И тоа, на сметка на граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија кои денеска слават заедно. Но, тоа не е ни чудно.

Со ниедна постапка и со ниедна изјава не покажаа дека се дистанцираат од злото што ѝ го нанесоа на државата за време на владеењето. Со ништо не покажаа дека не се приврзаници на криминалното владеење. Напротив, нивниот почесен претседател формално, а вистински газда, сѐ уште им е Никола Груевски. Тој, од кого се откажаа и неговите најблиски соработници, кумови и кумашини, па и дел од неговото семејство, затоа што кукавички избега од правдата, иако самиот пишуваше и изјавуваше дека нема. Тој, бегалецот од правдата, сѐ уште владее во грдата шампита со стражарницата, чирот во центарот на Скопје што го уништи за да му пасува на неговите манијакални замисли како треба да изгледа главниот град. И тоа е само еден дел од целата мрачна приказна поврзана со нив…

Се разбира, пионите на, сепак, десеткуваната (азилантска) Фамилија, фиромците, немаа ништо попаметно да направат денеска, освен, за наши пари, да се шетаат наоколу и демонстративно да не учествуваат во прославата на Денот на македонската независност. Тие „славеа“ на свој начин, ама не и за свои пари, туку со пари од буџетот на државата. А пари имаат, многу. И јавни пари лапнаа и многу црни пари имаат. И ги инвестираат во деструкција.

Го блокираат законот за јавните обвинители колку што можат повеќе, ја дискредитираат секоја институција што може да им ја загрози удобноста и да ја наруши нивната веќе децениска неказнивост. Целата шампита, од врвот до подземните гаражи и сите трол фабрики им се впрегнати во попречување на европската иднина на земјата. И прават уште многу лоши работи.

Тоа е повеќе од неодговорност. И бруцош на било кој правен факултет знае што е тоа.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share200TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ