Нашиот заеднички инвестициски план за Западен Балкан мина 4 години откако е воспоставен и дава добри резултати, во Северна Македонија планот веќе мобилизираше 1.7 милијарди евра во инвестиции и ќе се фокусира на транзицијата кон чиста енергија, рече претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
„Европската унија се посвети да биде климатски неутрална до 2050 година и затоа е важно нашите партнери од Западен Балкан да ни се придружат на ова патување. Во Северна Македонија обновливите извори претставуваат една четвртина од производството на енергија па затоа сакаме да го зголемиме овој капацитет ги имаме Осломеј и електраната во Битола коишто треба да работат на соларна енергија како и ветерниот парк Богданци.
Инвестираме и во чист транспорт за побрза поврзаност помеѓу регионот и со Европа. Ова го вклучува мошне важниот проект за железничкиот Коридор 8 со кој се поврзувате со Албанија и Бугарија и Коридор 10 кој минува од Грција до Будимпешта и низ целата ваша земја. Овие инвестиции ќе ја претворат Северна Македонија во клучен транспортен центар и тоа ќе придонесе значителни придобивки за луѓето од Северна Македонија“, истакна Фон Дер Лајен.
Д.М.