• Latest
Фото: Х

Фон дер Лајен: Приемот на нови членки во ЕУ е наша морална, историска и политичка одговорност

July 18, 2024

Кон обновата на Украина

June 23, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Маратонците го трчаат почесниот круг – „во цветот на староста“ ќе ги спасуваат Македонците од геноцид

June 23, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Битиќи за НОВА: Ако Владата одлучи да го игнорира или сопре ИФМИС, тоа значи дека одбива внатрешна контрола, не сака автоматизација на системите, а уште помалку сака јавноста да знае како и каде се трошат парите

June 23, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ниту по 36 обиди не се конституира косовското собрание; На северот на Косово запленето оружје кај лидерот на „партијата за српска демократија“, полицијата трага по него; Во Њујорк се одржа парада на Албанците

June 23, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за операцијата на САД во Иран?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025

Една година Влада, премиерот Мицкоски вели – чуда не се можни преку ноќ, но најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат

June 23, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да престанат да се однесуваат како да ги донеле институциите од дома, отчетност и транспарентност, референдум за стратешки одлуки – им порачаа граќаните на властите

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Фон дер Лајен: Приемот на нови членки во ЕУ е наша морална, историска и политичка одговорност

July 18, 2024 12:24
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Европското соседство е нашата иднина и приемот на нови земји во нашата Унија претставува морална, историска, политичка и огромна геостратешка одговорност за Европа, порача денеска кандидатката за претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците на Европскиот парламент.

– Ќе ги поддржиме кандидатите за членство, работејќи на инвестиции и реформи и ќе ги интегрираме, кога ќе можеме, во нашата правна рамка. Пристапувањето секогаш ќе биде процес базиран на заслуги и ќе се погрижиме сите земји да бидат подготвени, пред да се приклучат. Комплетирањето на нашата Унија е во наш суштински интерес и тоа ќе биде суштински приоритет на мојата Комисија, порача Фон дер Лајен, презентирајќи ги пред европратениците своите приоритети за работа во следниот мандат во пресрет на денешното гласање за нејзин реизбор на функцијата.

Според неа, во денешниот свет проширена Унијата би била посилна Унија, би го зајакнала својот глас во светот, би гарантирала намалување на нејзината зависност и би обезбедила гаранции дека демократијата, просперитетот и стабилноста се шират низ Европа.

– Длабоко сум убедена дека историјата повторно не повикува. Западниот Балкан, Украина, Молдавија и Грузија го направија нивниот слободен избор. Тие избраа слобода наместо угнетувањето, тие избраа демократија наместо зависност и некои од нив плаќаат многу висока цена за овој избор. Затоа ние мора да го направиме нашиот избор и да искажеме цврста посветеност дека нивната иднина ќе биде слободна и просперитетна во нашата Унија, истакна Фон дер Лајен.

Покрај, процесот на проширување на ЕУ, како свои останати приоритети таа ги нагласи обезбедувањето просперитет и конкурентност, имплементација на Зелениот договор преку усвојување Закон за чиста индустрија, поттикнување на инвестициите и изградба единствен пазар на капиталот, зајакнување на одбраната и безбедноста и продолжување на поддршката на Украина, засилување на контролата на границите и справување со илегалната миграција, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, зацврстување на социјалните права и обезбедување чесни приходи за земјоделците, изградба на посилна кохезивна политика, строга контрола на социјалните медиуми и заштита од онлајн малтретирање, пред се на малолетниците, обезбедување на родова еднаквост во платите за иста работа и заштита на жените од насилство, како и осигурување на владеење на правото и борба против корупцијата.

Таа говореше и за состојбата на Блискиот Исток, апелирајќи за прекин на насилствата во регионот, реафирмирајќи ја поддршката за мировно решение преку моделот на создавање две држави и за продолжување на хуманитарната помош за Палестинците, а најави и создавање на европски одбранбен штит од хибридните закани, кибер нападите и обидите за странско мешање во ЕУ, како и поддршка на независното новинарство.

По нејзиното обраќање започна дебата на европратениците за презентираната програма за работа на Фон дер Лајен. Гласањето за реизбор на Фон дер Лајен е предвидено за 13 часот, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ