• Latest

Фон дер Лајен: Со ревизијата на буџетската рамка обезбедивме финансиска основа за Планот за раст за Западниот Балкан

February 6, 2024
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен: Со ревизијата на буџетската рамка обезбедивме финансиска основа за Планот за раст за Западниот Балкан

February 6, 2024 13:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со усвојувањето на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка, ЕУ не само што обезбеди 50 милијарди евра за поддршка на Украина, туку и солидна финансиска основа за Планот за раст за Западниот Балкан порача денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата за резултатите од последните Самити на Унијата.

– Ние и обезбедуваме на Украина не само финансирање за одржување на економијата, туку и силна предвидливост за следните четири години. Тоа покажува што значи да се застане зад Украина онолку долго колку што е потребно, додаде Фон дер Лајен.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, таа нагласи дека дополнително со ревизијата на буџетската рамка до 2027 година, обезбедени се средства кои ќе и овозможат на ЕУ засилување на борбата против нерегуларната миграција и заштитата на своите надворешни граници, како и да се ангажира уште повеќе со земјите од јужното соседство.

– И многу ми е драго што Планот за раст за Западен Балкан сега е на солидна финансиска основа, потенцира Фон дер Лајен.

Според неа, ЕУ сега има финансиски ресурси да се справи со некои од главните предизвици на оваа деценија, ќе може подобро да одговори во справување со природните катастрофи во земјите членки и на хуманитарни кризи, како онаа во Газа, но и да ги поддржиме критичните технологии во Европа.

Фон дер Лајен се осврна и на проблемите на земјоделците во ЕУ, оценувајќи дека многумина од нив се чувствуваат „турнати в ќош“, во услови кога први ги чувствуваат последиците од климатските промени, како сушите и поплавите, но и од руската агресија врз Украина, кој донесе висока инфлација и зголемени трошоци за енергија и ѓубрива.

– Прашањата ескалираа во последните години. Нашите земјоделци заслужуваат да бидат слушани. Знам дека се загрижени за иднината на земјоделството и за нивната иднина како земјоделци. Но, тие исто така знаат дека земјоделството треба да премине кон поодржлив модел на производство, за нивните фарми да останат профитабилни во годините што доаѓаат, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека токму затоа ЕК го иницираше Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството, преку кој ќе се анализира ситуацијата, ќе се споделуваат идеи и ќе се развиваат сценарија со цел да се врати довербата и да се дојде до остварливи решенија.

Според неа, паралелно со поддршката на земјоделството и производството на квалитетна храна, потребна е и ефикасната заштита на природата преку обезбедување на субвенции за поттик на земјоделците.

– Јавните субвенции можат да ги обезбедат тие стимулации за зачувувањето на природата,… затоа што само ако нашите земјоделци можат да живеат од својата земја ќе инвестираат во иднина. И само ако заедно ги постигнеме нашите климатски и еколошки цели, земјоделците ќе можат да продолжат да живеат, додаде претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен пред европратениците говореше и за руската агресија врз во Украина, посочувајќи дека пред две години Русија започнаа војна против „народ и нација со железна волја и надеж за подобра иднина“, но и војна против „сите нас и против слободата, самоопределувањето и демократијата воопшто“.

– Украина ја докажа моќта на нацијата и народот кој се бори за нешто. Пред се за себе, но и за нас и за се она во што ние веруваме – нашите слободи, нашата демократија, нашите макотрпни права и аспирации. Некои беа изненадени од херојската акција на Украина, но никој не требаше да биде изненаден што кога беа соочени со угнетување, потчинување и тиранија, Украинците избраа отпор. И затоа, денес останувам исто толку убедена во еден едноставен факт како и пред две години дека Украина ќе успее и дека Европа ќе биде со неа на секој чекор од патот, додаде Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин не може да разбере дека ако им дадеш на луѓето избор, тие ја избираат слободата, па затоа и волјата на Украина за борба не е само посилна од онаа на Русија, таа е суштински различна по природа и карактер.

Затоа, според неа, ЕУ мора да продолжи со поддршката на Украина, и финансиски и воено, со што ќе ја заштити сопствената иднина.

– Украина и Европа покажаа дека сме подготвени да се бориме и да ја платиме крајната цена за работите во кои веруваме…. Европа ќе биде на страната на Украина за секој ден од војната и за секој ден потоа. Тоа е она што значи да се биде Европеец и да се верува во судбина која е изградена на секојдневната желба да се остави зад себе иднина во која ќе растат нашите деца, додаде Фон дер Лајен.

Обраќањето на Фон дер Лајен пред европратениицте следи откако минатата ноќ Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за предлогот на Еврокомисијата за создавање на нов единствен Механизам за поддршка на опоравување, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, со вкупен буџет од 50 милијарди евра, преку кој во исто време ќе бидат поддржувани и напорите на земјата за спроведување на реформите како дел од нејзиниот пристапен пат кон ЕУ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЗападен БалканФон Дер Лаjен
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ