• Latest
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен: Сребреница е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа

July 11, 2025
Тепачка меѓу поддржувачите на СНС во протестна колона, жандармеријата интервенираше и ги раздели двете групи што се судрија. Фото: Скриншот од видео на razglas_news/X

(ВИДЕО) Тепачка меѓу „напредњаците“ на контрапротестот во Ветерник, интервенираше жандармеријата

August 31, 2025
Украински војници од 46 одделни воздухопловна бригада во селото Дачне во регионот Днипро. Фото: Генералштаб на ЗСУ

„Пуста желба, чисти лаги“ – Украина ги отфрли тврдењата на Русија за успех на бојното поле, летната офанзива на Москва не успеа

August 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Илјадници луѓе протестираат низ Мексико за 130.000 исчезнати лица од 2007 година до сега

August 31, 2025
Фото: Ивон Величковски / Фејсбук

Величковски: Единствената црвена линија за ЕУ интеграциите – и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат земјата да стане дел од ЕУ

August 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Ќе дадам 300 евра за вас шестмина: На луѓето во Србија им се нудат пари за „спонтаните“ собири на СНС против блокадите

August 31, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео на
Victor Pinchuk Foundation

Шефот на украинското разузнавање предупредува на руски бран дезинформации пред руско-белоруските воените вежби „Запад-2025“

August 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS news

Администрацијата на Трамп отпуштa поголем дел од персоналот на Гласот на Америка

August 31, 2025
Фото: Цивил

Бранимир Јовановиќ: Најдобронамерен совет за луѓето од ВМРО – наместо да се препукуваат со СДСМ, нека преземат нешто за да ги зголемат платите и да ја стават под контрола инфлацијата

August 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на NBC Chicago

Градоначалникот на Чикаго потпиша наредба за спротивставување на потенцијалните мерки на Трамп против имиграцијата

August 31, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Јеменските Хути потврдија дека нивниот премиерот е убиен во израелски воздушен напад и се заканија со одмазда

August 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен: Сребреница е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа

July 11, 2025 13:35
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот од Х видео

Фото: Скриншот од Х видео

Share on FacebookShare on Twitter

Некои историски настани фрлаат сенка што се пренесува со генерации – геноцидот во Сребреница е еден од нив, кој е меѓу најмрачните поглавја во колективната меморија на Европа, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод 30-годишнината од масакрот во Сребреница.

– Поминаа 30 години од овие злосторства. Денеска, сакам да им оддадам почит на повеќето од 8.300 бошњачки момчиња и мажи кои беа убиени и на оние кои се уште се водат како исчезнати. Бидејќи некои од последните жртви на Сребреница се погребани со достоинство, им оддавам почит и на мајките, сопругите и ќерките кои продолжуваат да тагуваат, носејќи ја тежината на загубата во текот на три децении, се наведува во писмената изјава на Фон дер Лајен.

Според неа, должност на денешните генерации е да се сеќаваат и да ја зачуваат вистината за Сребреница, со цел идните поколенија точно да знаат што се случило.

– Тие мора да знаат дека во летото 1995 година, жртвите беа систематски погубени и закопани во масовни гробници во рамките на „безбедната зона“ на Сребреница, одредена од ОН. Град за кој веруваа дека ќе ги заштити во бруталната војна што ја уништуваше Босна и Херцеговина. Европската унија никогаш нема да заборави што се случи во овој град. Го признаваме нашето минато и ја признаваме нашата одговорност за тоа што не успеавме да го спречиме и запреме геноцидот, додава Фон дер Лајен.

Таа нагласува дека ЕУ нема никогаш да дозволи менување на историјата и цврсто ги отфрла и осудува секое негирање, искривување или минимизирање на геноцидот во Сребреница, како и глорифицирањето на воените злосторници.

– Политичките лидери имаат голема одговорност во тој поглед, особено во Босна и Херцеговина и низ целиот Западен Балкан. Тие мора да бидат пример во признавањето на утврдените факти и искрено давање почит на жртвите и мора активно да работат на помирување преку соочување со корените на омразата што доведоа до овие злосторства. Ова е единствениот пат кон посветла и просперитетна иднина за следната генерација, истакнува претседателката на Еврокомисијата.

Таа додава дека во исто време сака да им порача на луѓето на Босна и Херцеговина дека Европската Унија е со нив.

– Ние остануваме целосно посветени на поддршката на вашата земја на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Вашите политички лидери треба да го спроведат својот дел за вашата земја да може да го најде своето место во срцето на нашата Унија, каде што припаѓа, нагласува Фон дер Лајен во пораката, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ