Пандемијата од коронавирусот треба да се искористи како поттикнување да се истрае во борбата против климатските промени, изјави претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лeјен.
Истакна дека пандемијата го менува начинот на живот поради мерките воведени поради заштита на здравјето.
„Можеби ни недостастуваат многу работи кои ни се важни, но нам не ни недостасува загадувањето од автомобилите и бучавата во сообраќајот. Кога ќе отвориме прозорец, може да дишеме чист воздух“, рече Вон дер Лејен.
Таа истакна дека после коронакризата не би требало да се враќаме на старите навики и дека треба да се истрае на Европскиот зелен план, стратегијата за еколошки одржлив развор на стопанството и општеството.
„Сега кога полека се враќаме на работа и инвестираме милијарди евра за покренување на стопанството, би требало да го избегнеме враќањето кон старите навики. Нашето општество и нашата планета можеме да ја направиме поздрава со инвестирање во обновлива енергија, возејќи почисти автомобили, со реновирање на домовите за да бидат енергетски ефикасни“, рече претседателката на Комисијата.