Во хотелот Мериот, денеска се одржа основачкото собрание на новата партија Граѓанско Демократска Унија, за претседател на партијата е избран Петар Колев кој до неодамна беше претседател на организацијата „Македонско-Бугарско пријателство“.
„Подготвен сум и ќе ја вложам целата моја енергија, познавање и визија за Граѓанско Демократската Унија да се изгради во еден силен и демократски политички субјект кој ќе претставува алтернатива на оној систем кој повеќе од четврт век не може да се справи со предизвиците во нашата татковина“, истакна Колев.
Ц.К.