• Latest

Форум: Собранието останува на реформскиот курс и продолжува да работи на членството во ЕУ

September 24, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Форум: Собранието останува на реформскиот курс и продолжува да работи на членството во ЕУ

September 24, 2021 14:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието останува на реформскиот курс и продолжува фокусирано да работи на стратешката цел, а тоа е полноправно членство во Европската Унија, рече во своето обраќање денеска потпретседателот на законодавниот дом, Горан Мисовски на македонско-германскиот форум „30 години независност на Северна Македонија – Улогата на Собранието во демократијата”.

Мисовски посочи дека и покрај сите силни напори, спроведените реформи и препораките од Европската Комисија, за жал долго очекуваната сериозна промена кон подобро, кон европската перспектива на нашата земја, се уште не се случи. Како што додаде, причина е блокадата од Бугарија која не се однесува на реформите и достигнување на европските стандарди.

Според Мисовски, ова дополнително забавување на процесот на проширување би можело да ја ослабне довербата во Европската Унија, што пак остава простор за појава на националистички и ретроградни процеси.

-Сепак се надеваме дека следниот период ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ова билатерално прашање ќе го решиме во духот на добрососедските односи, и основните европските вредности кои се дел од договорот за добрососедство, пријателство и соработка потпишан во 2017 година, додаде потпретседателот на Собранието.

Тој во своето обраќање на денешниот форум напомена дека во текот на овие 30 години Собранието се соочило со голем број на предизвици, но постигнале и многу успеси.

-Собранието како претставнички дом и највисок законодавен орган отсекогаш бил клучната институција за демократизација на општеството. На 8 јануари 1991 конституирано е првото повеќепартиско Собрание, кои своите активности ги насочи кон донесување на неопходните државотворни акти и документи кои јасно ја изразуваат вековната желба на нашите граѓани за градење на самостојна и независна држава, рече Мисовски.

Тој потсети дека на 25 јануари 1991 година, Собранието ја донесе декларацијата за независност, а по резултатите од референдумското изјаснување на 8 септември 1991 година, која јасно и недвосмислено ја покажа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава, Собранието на 17 септември ја донесе декларацијата за суверена и самостојна македонска држава.

На седница одржана на 17 декември, како што рече, Собранието ја донесе и декларацијата за меѓународно признавање на државата како суверена и независна.

-Низ целиот овој период Собранието работи посветено, за да испорача конкретни мерки за усогласување со европските стандарди во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото, и со тоа да го исполни стремежот на граѓаните за понатамошна интеграција во Европската унија. Напоредно со исполнување на европската агенда, настојуваме да останеме позитивен пример за добрососедските односи преку создавање на долгорочни партнерства, рече Мисовски.

Пратениците, како што напомена, се поактивни во надворешната политика преку воспоставени мрежи на контакти и односи со други Парламенти и меѓународни парламентарни собранија.

Притоа, како што рече, тие ги афирмираат националните интереси на меѓународната сцена, а своето искуство во странство го преточуваат во подобро информирани одлуки на национално ниво.

-Иако реформите имаат за цел да го подобрат животот на нашите граѓани, европската перспектива и процесот на пристапување е се уште најдобрата алатка за трансформација на општеството и нуди дополнителен поттик за понатамошно инкорпорирање на европските стандарди и добри практики во земјата, додаде Мисовски.

Проф. Д-р. Норберт Ламерт, претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен претседател на Германскиот Бундестаг во видео обраќање посочи дека разликата меѓу политичките системи во светот не е постоењето на влади, туку е во тоа дали има парламенти, дали тие имаат самостојно влијание врз политиката на земјата, дали ја имаат надлежноста за законодавноста во земјата.

– Посетата на сојузната канцеларка во регионот пред неколку дена јасно го нагласи германскиот интерес, и Ангела Меркел не остави сомнеж дека за следните сојузни влади важат тие ветувања кои ги дадовме, а со тоа е поврзано и очекувањето за соодветен процес во партнерските земји. Ние како Фондација сакаме да го дадеме својот придонес во оваа европска перспектива, заклучи Ламерт.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ