На социјалната мрежа Х (Икс) се споделува фотомонтажа од наводно поставување на сообраќајни табли со името Република Македонија и знамето со Сонцето од Кутлеш (Вергина).
Профилот Каурката ја објави фотомонтажата со коментар: „Борбата за Македонија продолжува…“.
Дел од граѓаните поверуваа дека навистина се менуваат таблите во кое стои името Ребублика Северна Македонија. Оваа фотомонтажа ја споделиле триесетина профили на Х мрежата.
Сепак се работи за фотомонтажа. Вистинската фотографија е направена во 2020 година, од фотографот Борис Грданоски.
Оваа фотомонтажа е направена во период кога нашата претседателка Гордана Силјановска Давкова ја нарекува државата „нашата земја“.
ЦМТ