Од фотосесијата на дел од тимот на ЦИВИЛ, во близина седиштето на Организацијата во центарот на Скопје. „Човекови права сега!“ напишаа ЦИВИЛите на неколку јазици и подготвија серија фотографии.
За денешната рубрика ФОТО НА ДЕНОТ, ја одбравме оваа, од Биљана Јордановска. Од фотосесијата ќе произлезе и кратко видео. Во текот на наредните денови ќе бидат објавени и други фотоси како илустрација на содржините што ги продуцира тимот на ЦИВИЛ секојдневно.