Папата Франциск ја именува Франческа ди Џовани за прва жена директор во еден од најважните ватикански секретаријати.
Ди Џовани (66) е именувана за потсекретар за мултилатерални работи во Државниот секретаријат, што значи дека ќе биде одговорна за водење на одделението што ги координира односите помеѓу Ватикан со Обединети нации и другите меѓувладини организации.
Папата Франциск одлучи на жените да им даде поголема улога во донесувањето големи одлуки во Ватикан и во Католичката црква, работи што досега ги извршуваа свештеници, бискупи или кардинали.
Ди Џовани истакна дека нејзиното именување покажува дека папата Франциск посветува внимание на жените.
„Се надевам дека тоа што сум жена ќе влијае позитивно“, посочи Ди Џовани.
Уште неколку жени имаат ист ранг во другите канцеларии на Ватикан, вклучително и потсекретаријатот за верски ред и два потсекретаријати во ватиканската канцеларија за лаици.
Државниот секретаријат е најважна ватиканска канцеларија што ја координира работата на Светата столица, како и дипломатските односи со другите држава, пренесува МИА.