• Latest

Франција дава поддршка за разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија

January 14, 2022

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Франција дава поддршка за разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија

January 14, 2022 16:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најмногу сакаме да бидеме корисни и да направиме сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија. Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција на којашто ги претстави програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, надополнувајќи се на изјавата од Бомгартнер додаде дека ништо не е променето и оти односите со Западен Балкан и Северна Македонија остануваат во иста рамка за стабилизација и асоцијација.

Во однос на црвените линии во преговорите со Бугарија, Гир посочи дека Северна Македонија направи сè што е неопходно ги исполни сите услови за отворање на преговорите.

– Ги охрабруваме и Северна Македонија и Бугарија да продолжат со преговорите за да се решат нивните заемни прашања за да можеме да ги отвориме преговорите за членство. Во однос на различните декларации во двете собранија ќе ви кажам дека тоа е билатерално прашање од кое се засегнати двете држави. Охрабрувањето го гледам и низ посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Северна Македонија, додаде тој.

Говорејќи за договорот со Фронтекс францускиот амбасадор истакна дека со постигнување договор меѓу Софија и Скопје, ќе се овозможи и деблокада на ова прашање, односно со усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција ќе се разреши и тој договор.

Евроамбасадорот Гир, пак истакна дека веќе физички има присутни полицајци од повеќе држави членки на Унијата, кои даваат поддршка за чување на границите и оти тој договор е веќе постигнат меѓу ЕУ и Северна Македонија.

– Ве слушам и свесен сум за нетрпението и очекувањата за ова и веќе сум кажал дека се наоѓаме во фаза што е поразлична. Реално кажано се наоѓаме во контекст што глобално е нов и минатата година, особено последните недели беа појаснети голем број на политички работи особено во Бугарија. Денес, ние имаме бугарска Влада што е изгласана со политички капацитет да одлучува што не беше случај претходно. Во текот на 2021 година за три месеци имаше три избори, тоа е нов услов и Дејвид го истакна тоа. Имаме впечаток дека во овој нов контекст има охрабрувачки сигнали, а ние како француско претседателство, а тоа важи и за сите други европејци и засегнати институции, не сакаме да направиме нешто што би било непродуктивно во овој благонаклонет контекст, изјави Бомгартнер во одговор на новинарско прашање.

Што се однесува до улогата што Франција може да ја одигра во преговорите меѓу Скопје и Софија, тој вели дека не е прашањето дали, туку како можат да бидат корисни со цел да го поддржат процесот што е во тек.

– Денес прашањето за посредништво не е на маса од повеќе причини, бидејќи не е потребно посредништво и не треба трета страна, бидејќи двете страни треба да се договорат за воспоставување на дијалог, бидејќи единствено нешто што посакуваме е колку што можеме да бидеме корисни за да можат да се испорачаат резултати за оваа важна земја, додава францускиот амбасадор.

Во однос на одвојување на пакетот Северна Македонија – Албанија за време на преговарачкиот процес, Бомгартнер истакна дека не станува збор за француски став и оти тоа е објективен и правен став.

– Правно нема тесна врска меѓу двете земји, но од друга страна ќе кажам дека има политичка одлука и дебата што беше во рамки на Советот и кога се случија тие дебати, заклучокот беше јасен. Во моменталните услови не се препорачува раздвојување, туку приоритет е да се обединат сите корисни напори за да се деблокира состојбата во спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија и со тоа да се отвори патот за почеток на преговорите и за двете држави, вели Бомгартнер.

Тој додаде дека посетата на бугарскиот премиер Петков е охрабрувачка, бидејќи се случува веднаш по составот на новата македонска влада и е прва билатерална посета во странство.

За време на промоција на програмата и приоритетите на Франција во претседавањето со Советот на Европската Унија, амбасадорот посочи дека француско претседателство е една амбиција која е дел од континуитет, а приоритетите се водат од три клучни поими – обнова, моќ и припадност.

– Ова претседателство се случува во посебен контекст, од една страна здравствената состојба не е целосно нормализирана, сè уште треба да се соочуваме со последиците од коронавирусот, а како Европејци ќе продолжиме да делуваме и на логистичка и на материјална гледна точка во поглед на сите настани кои планираме да ги организираме во рамки на француското претседателство, вели тој.

Амбасадорот додаде дека неколку години живееме во свет што е понестабилен, под закани од геополитичка природа кои се многу поважни од претходните години и децении и светот, а особено Европа се соочуваат и со одредени предизвици со големи размери во однос на целокупното човештво, а се поврзани со климатските промени, миграцијата, терористичките закани, а нивната амбиција е преку претседателството да помогнат во соочување со сите предизвици и закани.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ