Француската влада на денешната седница на Советот на министри го разгледа и даде зелено светло на Предлог законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Драфтот беше презентиран од министерот за Европа и надворешна политика на Франција.
По разгледувањето од Советот на министри, Протоколот за членство на нашата земја во НАТО се праќа во понатамошна собраниска процедура каде треба да се гласа од Сенатот и на Националното Собрание на Франција.
А. З.