• Latest

Француски печат: Дали Емануел Макрон ќе го воскресне НАТО

December 3, 2019
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Француски печат: Дали Емануел Макрон ќе го воскресне НАТО

December 3, 2019 13:22
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО се состанува во Лондон во присуство и на претседателот на Франција Емануел Макрон, кој тврди дека организацијата е во состојба на „клиничка смрт“.

НАТО е најстарата воена алијанса во светот, таа го слави својот 70-ти роденден во Лондон. Но, денес кој е нејзиниот непријател, каква стратегија? Ова се, според извор во Елисејската палата, прашањата поставени од Емануел Макрон до неговите партнери преку неговата шок-формула за „клиничка смрт“, јави дописникот на МИА.

Во 1949 година, кога во Вашингтон беа потпишани Договорот на Атлантскиот сојуз од дванаесетте основачки земји, меѓу кои и Франција (Турција, се придружи во 1952 година), работите беа едноставни: непријателот беше Советскиот Сојуз, со своите источноевропски сателити на Варшавскиот пакт. Стотици илјади мажи, тенкови, авиони, а особено нуклеарни ракети со кои се гарантира взаемно уништување, беа собрани од двете страни на железната завеса, на поделената Европа.

Но, од крајот на Студената војна и падот на Ѕидот во 1989 година, непријателот се смени или дури исчезна, повеќето од поранешните вазали на СССР дури и влегоа во НАТО на големо незадоволство на Москва. Алијансата се прилагодува, интервенираше во Босна (1993) или Косово (1999) каде, под водство на претседателите Клинтон и Ширак, алијансата ја бомбардира поранешна Југославија. Слично на тоа, Франција учествуваше во операциите во 2001 година во Авганистан, откако американскиот претседател Буш ја активираше по нападите на 11 септемвр, според познатиот член 5 од Договорот, предвидувајќи дека ако еден од членовите биде нападнат, другите му помагаат. Со инвазијата на САД во Ирак во 2003 година или односот на чекање и на Вашингтон кон масакрите на Асад во Сирија, трансатлантските несогласувања стануваат видливи; НАТО, во кое доминираат Американците се уморни да платат повеќе од 60 отсто од бејзиниот буџет.

Што бара Макрон? – се запрашува  Хенри Верне во весникот „Паризиен“ и истовремено одговара:

-Неговата цел е двојна. Прво, да испровоцира дебата на врвот, да се излези од патеката на здодевните состаноци, ова според еден дипломат близок до Елисејската палата.

Дебатата според него треба да биде за природата на непријателот, во ерата на меѓународен тероризам, кибернетички напади итн.

За односот со Русија, Макрон се залага за затоплување и дијалог иако неколку партнери, од балтичките и скандинавските земји на прво место, ја сметаат руската закана за поинтензивна од кога и да по украинската криза и анексијата на Крим.

За односот со Турција, за самото функционирање на Алијансата.

-Воената страна работи добро, нашите армии се интероперативни, вели за Паризиен висок француски офицер. Но, на врвот,  сите членки не гледаат во иста насока.

Шефот на француската држава беше многу лут кога дозна преку твитер за одлуката на Трамп да ги повлече своите трупи од североисточна Сирија, додека турскиот Ердоган не ги предупреди своите партнери од НАТО за Офанзива против Курдите … наши сојузници против Даеш! „Тоа беше причината за реакцијата на Макрон, се објаснува од Елисејската палата.

Втората цел на Емануел Макорн, е да ја искористи оваа криза да даде поттик за европската одбрана, која тапка в место повеќе од 20 години.

-Но, Париз и Берлин напредуваат во конструкцијата на заеднички тенк и авион, неодамнешната иницијатива за одбрана на Европа мора да дозволи да се создадат заеднички контингенти, можеби наскоро во Сахел. И на крај тука е фондот од 13 милијарди евра помош за финансирање на заедничките воени програми во ЕУ, вели за „Паризиен“  европратеничката Натали Лоазо.

Сепак, повеќето партнери, како и германската канцеларка Меркел, стравуваат да не ги навредат Соединетите држави.

-Ние цело време да повторуваме дека Европа на одбраната не е против НАТО, туку комплементарна: тоа е сирењето и десертот“, вели еден од советниците на Елисејската палата,за парискиот дневен весник, кој заклучува -останува сега да  претседателот Макрон  ги стави на менито во Лондон.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ