На двегодишнината од Преспанскиот договор, Фондацијата „Фридрих Еберт# објавува дека Наградата за човекови права ја доделува на Зоран Заев.
„На тој начин ФЕС му оддава признание на Заев за личната посветеност кон Договорот и неговите проевропскизаложби за слободно и отворено општество. Зоран Заев е поранешен премиер на Северна Македонија и претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Северна Македонија. Официјалното доделување на наградата е планирано за оваа есен во Берлин.Со доделување на наградата, Фондацијата „Фридрих Еберт“му оддава признание на Зоран Заев за неговата мировна политика и склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот договор со Грција во 2018 година. Преспанскиот договор подразбираше промена на името на земјата со што се реши 27-годишниот спор за името и ѝовозможи на земјата членство во НАТО и отворање на преговорите за пристап кон Европската Унија“, стои во соопштението.
Додаваат дека двата договори се централните обележја за подобрување на животните услови во земјата. Со неговата подготвеност да донесе разумни, но во голема мера непопуларни одлуки, Зоран Заев покажа дека тие одлуки се поважни од неговата политичка судбина. Курт Бек, претседателот на Фондацијата „Фридрих Еберт“, особено ја нагласува заложбата на Заев за Европа: „Зоран Заев се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата решителна реформска политика не само што придонесеза мирот и стабилноста, туку ија доближи Северна Македонија со големи чекори кон Европската Унија.“
Заев одигра клучна улогауште како опозициски лидер. За време на „Шарената револуција“ се залагаше за владеење на правото и мирно издејствува нови избори. Подоцна, како премиер постави нови стандарди, особено во делот на социјалната политика. Тој ја зголеми минималната плата за 60%, ги зголеми социјалните придобивки и ги подобри платите на медицинскиот персонал и докторите. После многу години авторитарен регрес во регионот, Зоран Заев лично претставува промена на насоката што им дава надеж на прогресивните сили во регионот“, стои во соопштението.
Наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ беше доделена за првпат во 1994 година, основана од наследството на брачниот пар од Хамбург, Карл и Ида Фајст.