Фридрих Мерц, фаворитот на конзервативците да го замени канцеларот Олаф Шолц по претстојните избори во Германија, ја повикува ЕУ да формира обединет фронт како одговор на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, објави германската новинска агенција ДПА, пренесе ЦивилМедиа.
„Се додека европските земји-членки се обединети, тие ќе бидат почитувани во светот, вклучително и САД. И сѐ додека се поделени, никој нема да не сфати сериозно“, рече Мерц на конференцијата на лидерите на европските партии од десниот центар во Берлин.
„Значи, ова е, според мене, последниот повик за акција“, им рече шефот на германската демохристијанска партија (ЦДУ) на своите колеги во Европската народна партија (ЕПП), под која главните конзервативни партии се групирани во Европскиот парламент.
Инаугурацијата на Трамп во понеделник „ќе ги забрза нашите напори да ја зближиме нашата моќ и да дејствуваме заедно“, рече Мерц.