Иако Зиадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците, изјави дека неговата партија ќе остане во Владата, денешните оставки на функционери на оваа партија сигнализираат поинаков развој на настаните.
Според ТВ21, заменичката на министерот за надворешни работи, Арта Точи и заменикот министер за транспорт и врски, Ремзи Мемети, поднеле оставки.