• Latest
Фото: Еми Витал

Фупи – Жирафата сираче му се враќа на својот шепнувач

January 11, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Фупи – Жирафата сираче му се враќа на својот шепнувач

Лекупанија е чуварот на животни кој ја спасил Фупи откако паднала во ров. Секое утро, Фупи и другите рехабилитирани жирафи му доаѓаат во посета.

January 11, 2023 21:47
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото: Еми Витал

Фото: Еми Витал

Share on FacebookShare on Twitter

Интервју на Грем Грин

Лекупанија е неверојатен шепнувач на животни. Пред да стане еден од најдобрите чувари на дивината во Кенија водел грижата за семејниот добиток. Досега има рехабилитирано безброј видови, и никогаш не изгубил животно за кое се грижел. Успеал ги спаси дури и најранливите суштества, како што е зебрата Греви, која се смета за загрозен вид,пренесува Гардијан.

 

Лекупанија работи во Заштита на дивиот свет Намуњак на далечниот север на Кенија. Жирафата е сираче, „мрежеста жирафа“ по име Фупи, што на свахили значи кус. Фупи се повредила кога паднала во канал. Таа била рехабилитирана и вратена во дивината. И сега сите рехабилитирани жирафи доаѓаат секое утро во посета на Лекупанија. Кружат низ шталите и го поздравуваат, а потоа се враќаат во дивината.

Оваа фотографија е направена во 2016 година, во период на суша. Жирафите денес полека и тивко исчезнуваат. Понекогаш тоа се должи на ловокрадството, но во овој дел на Кенија главно е поврзано со сушата и поради губење на живеалиштата. Тековните проценки покажуваат дека популацијата на жирафи низ Африка се намалила за 40% за три децении, од околу 155.000 во доцните 1980-ти на помалку од 100.000 денес. И има помалку од 16.000 мрежести жирафи низ Африка. Западноафриканските и жирафите на Ротшилд се соочуваат со уште пострашни ситуации.

Моментот измина брзо: Фупи се наведна и тоа беше се

Имам само неколку рамки од овој момент. Бев прилично далеку кога ја видов. Обидувајќи се да не ја исплашам жирафата, се приближив брзо и тивко за да можам да ја доловам интимноста меѓу нив. Моментот измина брзо: жирафата се наведна и тоа беше се.

Фотографијата, за мене, секогаш беше желбата да го сфатам светот во кој живееме. Сакав да разберам зошто има толку многу страдања и да станам конфликтен фотограф кој ја покрива војната во Косово, потоа Ангола, Авганистан, Израел-Палестина, и Сиера Леоне. Четири години го фотографирав конфликтот меѓу Индија и Пакистан – за да се обидам да го разберам подлабоко.

Сфатив дека позадината на секоја приказна е природниот свет. Во некои случаи, тоа беше недостигот на основни ресурси, како вода. Во други, тоа беше промената на климата и загуба на плодната почва. Но, почнав да разбирам дека секогаш барањата поставени на нашиот екосистем се тие што предизвикуваат конфликти и страдање. Домородните заедници отсекогаш разбирале колку е важен природниот свет за нивното постоење. Верувам дека тие ги држат клучевите за спасување на она што останало од дивиот свет и природата.

Треба да ги раскажам овие приказни, бидејќи поминуваме низ шесто масовно истребување. Моите приказни се фокусираат на предизвиците, но се обидувам да најдам решенија и да ги зајакнам важните гласови на кои традиционално не им се дава предност.

Фотографијата е моќен начин да се инспирираат луѓето да се грижат за планетата. Потребни ни се повеќе раскажувачи и фотографи кои се фокусираат на прашањата за животната средина, поради што ја основав непрофитната организација Vital Impacts која собира средства за проекти за заштита од грасрут преку продажба на ликовна уметност. Исто така, изградивме програма за менторство за 50 апликанти и два грантови од 20.000 американски долари за фотографи да работат на долгорочно раскажување приказни за животната средина. Сакам да создадам цела генерација активисти.

Подготви: М. Пешевска

 

Tags: дивиот светекосистемжирафаКенијаклиматски промениЛекупанијафотографијаФупишепкач
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ