По повод одбележувањето на 15 години од постоењето на Академијата за судии и јавни обвинители, на свечениот прием вечерва присуствуваа и се обратија високи државни функционери и претставници на дипломатскиот кор. Директорката на Академијата, Наташа Габер Дамјановска пред присутните истакна дека уште во далечната 2006 година Академијата се етаблираше како респектабилна институција со посебна улога и значајно место во правосудниот систем.
Како што посочи Габер, уште од самото основање Академијата воведе нов концепт на независна селекција за прием со цел постигнување независно, непристрасно и високо професионално и ефикасно вршење на судиската и јавно обвинителската функција.
До денеска, шест генерации со вкупно 130 кандидати ја завршија почетната обука на Академијата и од нив 66 веќе ја извршуваат судиската, а 64 јавно обвинителската функција, посочи Габер.
Во моментов обука следат 59 слушатели од седмата генерација го следат практичниот дел на почетната обука, а 97 слушатели од осмата генерација догодина ќе ја започнат обуката.