• Latest

Гаџевска Садек: Верувам во заеднички општества, кога светот ќе го сфати тоа ќе биде поубаво место за живеење

September 13, 2022
Фото: Скриншот од видео на Times News

Доколку излезните анкети бидат потврдени, Рафал Тржасковски и Карол Навроцки ќе се натпреваруваат во вториот круг за претседател на Полска

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на France24

Раните излезни анкети покажуваат дека центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, е на пат да победи на романските претседателски избори

May 18, 2025
Фото: Претседател на Украина

Зеленски во Рим се сретна со потпретседателот на САД Венс и државниот секретар Рубио

May 18, 2025
Фото: Х

Андриј Сибига: Вечно сеќавање на невините жртви на геноцидот врз кримските Татари, должност ни е да ја вратиме правдата и да обезбедиме одговорност за сегашните и минатите злосторства кои немаат рок на траење

May 18, 2025
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Крим е Украина, кримските Татари се народ што се спротивставува и памти

May 18, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Емпатија кон суверенот

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE24

Романија, Полска и Португалија денес гласаат на тесни и неизвесни избори, клучни за нивната иднина

May 18, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

ЦИВИЛ го одбележува 18 мај: Солидарност со кримските Татари против историските и тековните репресии

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBC News

ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Хамас предлага ослободување на повеќе заложници во новите разговори за прекин на огнот по израелската офанзива

May 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Гаџевска Садек: Верувам во заеднички општества, кога светот ќе го сфати тоа ќе биде поубаво место за живеење

September 13, 2022 09:24
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Офелија Гаџовска Садек е поранешна новинарка и уредничка во неколку македонски медиуми, која веќе 28 години живее и работи во Каиро, Египет. 40 дена откако се запознале со нејзиниот сопруг, Гаџевска Садек се преселила во Каиро. Но, благодарение на нејзината флексибилност и почитувањето на вистинските вредности, а пред се на љубовта, 28 години живее и работи во Египет. Иако нејзиниот сопруг е повеќе на небо, бидејќи е пилот, нејзе воопшто не и досадно. Офелија е мајка на две успешни ќерки. На многумина ви е позната како поранешна дописничка за МТВ, работела како професорка на колеџ, а сега е коуч. За неа не важи максимата „жените не мора да работат“.

За животот во Египет, предизвиците, прилагодувањето со тамошната култура и начинот на живот, како и за општествените прилики, човековите права, мултикултурализмот и почитувањето на разликите во Египет, ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа раскажа Офелија Гаџевска Садек.

Како започна вашата љубовна приказна причината заради која заминавте да живеете во Египет?

Гаџевска Садек: Мојот сопруг секогаш вели и се шегува со нашите пријатели: благодарение на Слободан Милошевиќ јас ја пронајдов својата сопруга во Македонија. И веднаш сите реагираат „Како тоа благодарение на Слободан Милошевиќ?“. А тоа значи дека заради војната во Босна целата авијација се префрли во Македонија во 1994 година, тогаш египетската национална компанија Еџипт Ер му позајми авиони на македонски авиотранспорт и тогаш мојот сопруг дојде со цела група египетски пилоти во земјава и во 1994 се запознавме. За 40 дена од слободна птица како што мајка ми секогаш велеше, се најдов мажена во Египет.

Офелија Гаџевска Садек

Како ја прифатија одлуката вашите родители?

 Гаџевска Садек: Татко ми беше шокиран. Работеше како инженер во Кувајт и секогаш имаше пониско мислење за арапските држави посебно Кувајт. Кога бев мала ми велеше:

-Ќерко, за секого да се омажиш само не за некој од арапските држави. Луѓето во арапскиот свет се посебни ова велам за 70-тите. Но, луѓето во Египет,  Кувајт, во Алжир, Мароко не се исти, по образование и социјален статус. Мајка ми на почетокот даде аманет, татко ми с е бунеше, но кој татко би дал ќерка за 40 дена? Од денот на запознавањето до денот на склучувањето на бракот овде во Скопје поминаа 40 дена и 41-виот  ден завршив во Каиро.

И јас бев шокирана, бидејќи пред тоа никогаш не сум била во Каиро и мислев дека е сличен на Истанбул, но не излезе дека е така.

Како бевте прифатена од семејството на сопругот? 

Гаџевска Садек: Неговата фамилија ме прими феноменално. Им сметаше што сум слаба, според нив неухранета. Сега се гледа дека го попримив нивниот менталитет, па одговарам на тип на права арапска жена.

Каква е симболиката на накитот што го носите?

Гаџевска Садек: Плоча од месинг која што ја купив кога бев на екскурзија со група од Македонија во оазата Сива каде Бедуините произведуваат накит. Значењето на оваа плоча од месинг е дека сум мажена.  Зошто? Затоа што се има зошто и затоа во арапскиот свет. Сите ги жалат жените, а јас ги жалам мажите во арапскиот свет. Додека го направат тоа што треба да го добијат,да го купат, да го дадат, 30 години минимум им се потребни. Тоа ги фрустрира и нормално  е кога ќе видат жена мештанка или од странство, а која не го носи ова, зборувам за позаостанатите делови да ги допрат да пратат комплимент. Замислете мојот сопруг да купува нешто 20 метри од таму, тој треба да ме заштити зашто јас сум неговата круна, неговото огледало и никој не смее да си дозволи да ме допре или да ми се приближи на метар. Една од убавите работи во Египет е што се држи оној приватен простор помеѓу мажи-жени, дури и помеѓу членови на семејство нема бакнување. И во банка, во автобуси, метро, посебна редица за жени, посебно за мажи.

Требаше ли да промените некои животни навики?

Гаџевска Садек: Многу ми  е драго што универзумот не донесе баш во овој момент од мојот живот после 50-тите, да можам да ги сумирам 28-те години. Навистина она што го направив беше лудост. Но, ја не го сметав за лудост бидејќи духот ми беше таков и секогаш сакав да бидам секаде во светот. И сега се прашувам како го направив тоа. Меѓутоа многу отстапки од моја страна. На 24 години не го знаев она што секоја мајка на ќерката и го вели  „Треба да си поставиш граници“.

Јас имав свои граници во Македонија како што сите мислиме дека треба да останеме во земјава. Па, живеев во Италија, многу сакав таму да останам. Но, за Египет требаше да поставам поинакви граници на почетокот од бракот. Во која смисла? Фамилијата беше супер. Но, изгледаше на „златен затвор“ на почетокот.  Во која смисла, се имам но она што најмногу го сакав, го немав. А тоа е, да работам! Никој мене во 90-тите не ме праша дали ми се допаѓа, како ми е со сопругот, како ми  е фамилијата, навикнувањето, начинот на живот … Првото прашање: -Не работиш? Години и години само тоа ме прашуваа. Во Египет е многу битно во која класа кој живее. Египетското општество е поделено на шест класи. И сите си се запазуваат. Ако си во последните 2,3 жената не би требало да работи. Во арапскиот свет други се сите концепти, нема крај на приказната.

Требаше да го промените стилот на облекување? 

Гаџевска Садек: Тоа не ми беше толку тешко, можеби малку кратките сукњи и многу кратко не сум се облекувала. Но ми беше тешко на почетокот долги сукњи. Јас имав 24 години, а требаше да се облекувам како да имам 35. Затоа што јас бев сопругата на тој и тој. И ова години и години илјадници луѓе моето име не го запомниле, бидејќи во Египет јас сум сопругата на тој и тој. За било кој зборувам, не само заради тоа што маж ми е пилот. Јас сум сопругата на капетан тој и тој. Па, викам јас имам име. Не, никој не те слуша. Ти си неговото лице.

Каков е статусот на жената во Египет?

Гаџевска Садек: Жената влегува во бракот, живее во домот на сопругот. Сега веќе побогатите, средно-високата класа и богатите, не зборуваме за фараонската најбогатата. Секој татко се труди да обезбеди  станче за својата ќерка за ако нешто се случи да не остане на улица. Меѓутоа 5 години тоа злато значи. Јас имам другарки докторки кои учеле, завршиле, се мачеле, работеле една година две, се омажиле почнува семејството и тие веќе не можат да работат. Општество е на полигамија муслиманите можат да имаат до 4 жени, а христијаните не можат ни од таа една да се откачат и ако мажот рече нема да работиш -нема да работиш.

Многу е тешко да се исполни онаа супер-перфектна жена образована, сакаме, но колку можеме. Жената има право на глас, на избор само не може да избира 2 скалила разлика од нејзината пирамида. Ако момчето е фино, има образование, солидна плата, дури и таткото се согласува да се прескокнат скалилата за брак.  Од пред 15 години жената има право на развод. Дури сега жената од исламската вероисповед има право на развод, а од христијанската треба да чека 20 години. Христијаните поднесуваат  пријава за развод ако не можат да издржат. Повеќето жени и од двете религии се многу образовани. Работат, заработуваат , можеби не можат да го платат факултетот, но можат да ги земат децата и да се грижат за нив. Родителите прифаќаат.

Правото на развод беше еден од најдобрите закони кои поранешната претседателка го донесе. Кај повеќе од 50% од населението платата  на жената е поголема од платата на мажот.  Луѓето во Хургада, Шарм Ел Шеик, Луксор, се далеку пофини, посмирени од оние во Каиро. Тешкиот живот ги натерал мажите да бидат насилни. Претседателот Ал -Сиси изјави:

-Тешко на тој што ќе крене рака на жена.

 Во арапскиот свет постои едно интересно правило кое вели мажите на жените петпати во годината треба да им купат подарок, зошто?

Гаџевска Садек: Најмногу се дружиме за време на рамазанскиот пост, па христијанските празници, кога сите се собираме тогаш доаѓа времето на покажување на подароците. Во Египет, и христијаните и муслиманите за жал во 2022 година, сите се поделени на маса. Жените на една страна, мажите на друга, без разлика на која класа и припаѓаат. И првото прашање: Што ти купи сопругот? И ако сакаш да му вратиш тогаш е моментот пред семејството и пред пријателите, „Па оваа година ништо“. Утредента сето тоа што треба да ти биде дадено за да не биде посрамотен ќе ти биде дадено за да не биде посрамотен пред семејството.

Што работите таму?

Гаџевска Садек: Многу години поминав плачејќи зошто не работам. Па дојде време да работам, па работев 13 години и пред 2 години ми се случи во јануари пред КОВИД да му кажам на сопругот зарем не мора да станам во 6.30? Зарем не морам да трчам.

На почетокот бев дописник за МТВ, па за Сител,  па работев со туризам. После тоа најдов работа во образование, бидејќи мојот сопруг постојано лета па имам време на претек. Меѓутоа имав услови. Ќе ми биде дозволено да работам, само ако сите обврски ми се подмирени, ако можеш да издржиш работи, ако не …

Пред две години, пред да го запишам тој минимастерс на познатата   д-р Шевали за свесно родителство, го завршив, имав здравствени проблеми,  па морав да се откажам од предавањето во Колеџот. Тоа е тој момент во 2022-ра, ова е најнова информација која не сум ја споделила со никој. Веќе и во групите на образованите жени, успешни жени  кои се бореа да постигнат нешто и да го сочуваат семејството и децата да се како што треба и сопругот, египетски сопрузи кои бараат многу, сега се во недоумица, „ова не иде вака“. Дури сами си признаваат, „изгледаме лошо со подочници, ни на небо ни на земја, трчаме по цел ден.“ Каиро има 26 милиони жители. Ние живееме на едниот крај на градот, мојата ќерка работи во претседателската академија, 140 км подалеку,  и во денот поминува 280 км., а има 26 години,  и веќе е пре уморна. И пак се враќа на она поранешното како што мажите велат во арапскиот свет. „Не мора да работите“.

Каиро е мултимилионски град, се преплетуваат ли различностите?

Гаџевска Садек: Каиро е град на нивоа. Како што и старата фараонска цивилизација вели,  Истокот  е знак на изгрејсонце, ден, просперитет, љубов , богатство, Западот е заоѓање на Сонцето, сите некрополи се таму, сите задгробни споменици се таму, посиромашниот дел е таму. Поделбите ќе бидат уште поголеми. Во 2012 година е изграден нов град, тоа е Нов Каиро. Тоа е резултат од несигурностите за време на владеењето на муслиманското братство кога имаше многу терористички напади и тоа помеѓу локалците. Не зборувам за туризам, туризам нема веќе неколку години во Каиро. Луѓето почнаа да бегаат во пустина, а за две години ќе биде пуштена и новата престолнина која ќе биде како нов Дубаи. Сите министерства ќе се префрлат од Каиро во новата престолнина. Многу години ништо не се случуваше, за првпат се направени нови патишта, никој не читаше весници, не гледаше телевизија, но последните години има напредок. И да не беше војната во Украина, гледам Претседателот Сиси не се ни смее веќе, му се појавуваат вени, значи Египет има големи проблеми.

Има ли дискриминација?

Гаџевска Садек: 2011 после револуција 9 на 10 беа покриени а сега почнува вадење на шамијата и се 4 покриени, 6  не.

 Како се носат со економската криза?

 Гаџевска Садек: Не се чувствуваше инфлација во време на КОВИД колку со украинската криза. Имавме девалвација на локалната египетска валута, нема никаков увоз, не е дозволен. Долари, евра не можат да се најдат. Цените се многу покачени и се прашувам како издржуваат со 200-250 евра плата со три деца , 80-% од населението. Пораст на електричната енергија, се плаќа зонски. Ајде да не речам се жалите кога ќе дојдам овде, ама секаде е лошо. Италија, Франција ги шетав летово, Америка да не правиме муабет. Покачувањата во Македонија се пониски во споредба со земјите во светот.

Колку ве промени живеењето таму?

Гаџевска Садек: Многу работи променив. Со сила научив да не можам да кажам тоа што сакам. Треба да одмериш со кого зборуваш . Ми се допаѓа во Египет тоа што формата мора да се одржи. Ти дома можеш да си озборуваш со сопругот, меѓутоа надвор, па со часови тоа го нема. Постои форма и содржина. Кога толку години се дружиш со пријатели откриваш дека тие мене формата ми ја кажувале, а не онаа, правата содржина. Тоа што треба да се каже и треба јас да го знам, а не тоа што е вистината. А јас како се променив. Тоа што многу ми смета во Македонија ќе го кажам за првпат јас секогаш верувам во НИЕ, а не јас.

Ние и тие, поделбата, ние сме многу мала држава, а секогаш се делеше на двете страни на Вардар, а живеејќи во Египет замислете мене да ми се правеше тоа што овде се правеше, не знам сега. Разбирам арапски, и да, слушав „еве ја таа неверничката“, од таа држава, од таа религија, секој да може да си дозволи да си каже што сака. Сите се однесуваат со почит и во малите градови на Египет. Некои од христијаните велат, постои дискриминација но ти како нерезидентна,  не ја забележуваш. Но, јас велам луѓето се однесуваат кон вас како вие што се однесувате кон нив. И моите деца така ги научив не ги делам луѓето на муслимани и христијани туку на модерни луѓе, рационални со кои можам да растам и на луѓе кои се заостанати. Ние самите ја претставуваме нашата држава и сме нејзиното лице. Верувам во заеднички општества. Кога светот ќе го сфати тоа ќе биде поубаво место за живеење.

 

Разговорот го водеше Александра Велинова

 

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ