Клиниката за гинекологија и акушерство демантира дека имало исчезнато бебе како што вчера објавија дел од медиумите пренесувајќи изјава од таткото на новороденчето.
– Не е точна дадената изјава дека бебето „му го нема“, туку дека мајката која како оперирана се уште е на интензивна нега и дека документите уште се таму, соопшти ГАК за случајот за кој вчеравечер се огласи и Министерството за здравство со најава дека ќе го истражи.
Од Клиниката, меѓу другото, информираат дека таткото на бебето се однесувал аргресивно и со навреди кон медицинскиот персонал и дека нивната Управа случајот го пријавила во полиција.
– Случајот е пријавен во полиција и ќе добие правна завршница онаква каква што се случува при кршење јавен ред и мир, напад и навреда на службени лица, стои во демантот.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.